27.11.2020

Поддршка за нашите херои на ЈЗУ Универзитетска клиника „Мајка Тереза“

Здравствените работници се нашите херои во време каде секојдневно се сретнуваме со предизвиците на пандемијата предизвикана од вирусот Ковид-19.
Согласно тоа, Сава Осигурување а.д. - Скопје, во ова исклучително време, како општествено одговорна компанија направи донација на  ЈЗУ-Универзитетска клиника за токсикологија во Скопје. Донацијата за оваа јавна здравствена установа е дел од поддршката која Сава Осигурување ја пружа на здравствениот персонал во форма на ќебиња, чаршафи, заштитни маски, ракавици и друг потрошен материјал.

Вработените на УК за токсикологија секојдневно се вклучени во давањето на здравствени услуги на своите пациенти, а на самата клиника, која функционира како ургентен, интернистички центар, секојдневно се згрижуваат пациенти во тешка општа состојба.

Токму поради тоа компанијата се одлучи да му пружи поддршка и заштита на персоналот во време во кое секоја донација во здравствените установи во земјата е добредојдена.

Сава Осигурување а.д. - Скопје, покрај постојаната поддршка и ангажманот во општествено одговорни проекти, постојано ги применува и унапредува мерките за превенција и заштита во периодот на пандемија, како на своите вработени, така и на своите клиенти.