08.3.2021

Групацијата Сава Осигурување оствари исклучителна нето добивка од 56,4 милиони евра

Сава Осигурителна групација, во која припаѓа Сава осигурување а.д. Скопје, покрај значителниот ризик од потенцијалните негативни влијанија  на пандемијата  врз работењето оствари нето добивка од 56,4 милиони евра.

Согласно правилата на Љубљанската берза д.д., Љубљана и Законот за финансиски инструменти, Сава Ре д.д., Дунајска 56, 1000 Љубљана, го даде следново соопштение:

На својата редовна седница , на надзорниот одбор на Сава Ре  беа презентирани неревидираните финансиски резултати на Сава Осигурителна групација и Сава Ре за 2020 година.

Во 2020 година, Сава Осигурителна групација  оствари 674,9 милиони евра оперативни приходи, што е за 15,5% повеќе на годишно ниво. Нето добивката изнесува 56,4 милиони евра, што претставува пораст од 12,3% во однос на претходната година и е подобар од планираното. Повратот на капитал беше 13,3% и изнесува 1,3 процентни поени над таргетираниот поврат утврден во стратегијата за 2020-2022 година.

Пораст на бруто премија од 13.6%

Во 2020 година, Групацијата испиша 679,7 милиони евра во бруто премии, што претставува зголемување од 13,6% во однос на претходната година. За порастот на бруто премиите придонесе словенечкиот бизнис од животно осигурување (раст од 53%), што најмногу се должи на преземањето на Вита, потоа словенечки бизнис за неживотно осигурување (раст од 8%), реосигурителните бизниси (18% раст), несловенечки бизнис од животно осигурување (раст од 9%), додека несловенечките премии од неживотно осигурување се намалија за 6% на годишно ниво.

Подобра трошковна ефикасност

Стапката на нето трошоци е подобрена за 2,1 процентни поени од година во година, што првенствено беше поттикнато од вклучувањето на Вита на Групацијата, но исто така и од порастот во повеќето други оперативни сегменти и мерките за ограничување на трошоците, преземени од страна на Групацијата за олеснување на негативното финансиско влијание на Ковид-19 врз работењето.

Пониска фреквенција на загуби во автомобилското осигурување и влошено искуство со побарувања во реосигурувањето и FoS

Бруто платените побарувања во словенечкиот неживотен сегмент значително опаднаа, пред сė во автомобилското осигурување, што е одраз на пониска фреквенција на побарувања. Од друга страна, повеќе побарувања во сегментот за реосигурување и значително  поголеми загуби, многу од нив, исто така, поврзани со пандемијата со Ковид-19. Резултатот за 2020 година беше под влијание на побарувањата поврзани со Ковид-19, чиј износ достигна 10,8 милиони евра. Зголемувањето на нето побарувањата направени во FoS бизнисот е, исто така, поврзано со пандемијата. Групата издвои резервации за побарувања за потенцијални правни трошоци и побарувања поради несигурноста околу новите судски и регулаторни практики во врска со покривањето на побарувањата на неживотните бизниси поради прекините поврзани со пандемијата, напишани во Република Ирска и Велика Британија. Во врска со ова, Групацијата резервираше 6,4 милиони евра на крајот на 2020 година.

И покрај тешките услови во текот на годината, односот на загубите на Групацијата остана на нивото од 2019 година.

Позитивен ефект од преземањето на Вита врз профитабилноста на Групацијата

Во 2020 година, Групацијата оствари нето добивка од 56,4 милиони евра, што претставува раст од 12,3% во однос на претходната година. Зголемувањето е поттикнато од добрите резултати во сегментите за животно и неживотно осигурување, делумно компензирано со искуство со предизвикувачките побарувања во меѓународниот ресигурителен бизнис. Поголемата профитабилност беше, исто така, поттикната и од преземањето на Вита, која оствари 9,9 милиони.евра еднократен приход од вишокот на номинална вредност на нето средствата стекнат над куповната цена.

Влијание на настаните во 2020 година врз неревидираниот резултат на матичната компанија

2020 година беше посебна и во однос на дивидендите од осигурителните компании. „Сава Ре“ не исплати дивиденда во 2020 година, ниту, пак, доби дивиденда од своите подружници, согласно препораките на регулаторите со цел задржување на профитот. Покрај тоа, матичната компанија Сава Ре, која работи со реосигурување, беше погодена од голем обем на побарувања поврзани со Ковид-19. Како резултат на тоа, додека Сава Осигурителна групација  постигна рекордни резултати, матичната компанија ја заврши 2020 година со неревидиран негативен резултат од 11,0 милиони евра. Како и да е, силата на капиталот на нејзините најголеми подружници се зголеми поради профитот остварен во 2019 и 2020 година, што ќе овозможи исплата на дивиденда на матичната компанија откако ќе се тргнат ограничувањата за дистрибуција на дивиденда и ќе се намали ризикот од побарувањата поврзани со Ковид-19. Иако задршката на дивиденда од страна на подружниците имаше негативно влијание врз профитот на матичната компанија, тоа немаше ефект врз ликвидноста на Сава Ре, која останува на високо ниво. Надзорниот одбор ќе одлучи по предлогот за присвојување на добивката на Сава Ре, при разгледувањето на неревидираните резултати за 2020 година, земајќи ги предвид препораките на Агенцијата за супервизија на осигурување.

Структура на портфолио отпорна на нестабилноста на берзите

Повратот на инвестициското портфолио за годината изнесува 1,6%, што е 0,2 процентни поени над планот. Портфолиото на претежно високо оценети државни и корпоративни обврзници и понатаму покажува отпорност во однос на нестабилноста на берзата. Клучна цел на инвестициската политика на Групацијата е одржување на ниска нестабилност и високо ниво на сигурност на средствата наменети за покривање на обврските што произлегуваат од договорите за осигурување, како и обезбедување висока ликвидност и диверзификација на ризикот.

Фокус на стратегијата

Групацијата, исто така, напредува во својата стратегија и се развива во осигурителна групација која е насочена кон клиентите, воедно е и модерна, дигитална и ориентирана кон општествениот и одржлив развој. Во 2020 година, Сава Осигурителна групација  ги засили своите проекти за развој на дигитални решенија со цел да им обезбеди на своите клиенти побрз и полесен пристап до своите услуги. Во 2020 година, Групацијата посвети посебно внимание на можностите за инвестирање во проекти насочени кон заштита на животната средина и одржливиот развој.

Во 2020 година, „Стандард енд Пурс“ и „АМ Бест“ го потврдија рејтингот „А“ на  Сава Осигурителна групација со стабилни изгледи, што е одраз на силната капитална позиција на Групацијата и го олеснуваат работењето на Групацијата на меѓународните реосигурителни пазари.

Линк за англиски јазик

Линк за словенечки јазик