31.3.2021
Станете дел од продажниот тим на Сава осигурување
Сава осигурување вработува агент за продажба - реон Скопје. Претходно искуство или познавање на работата не е неопходно - ние вложуваме во кандидатите, во нивната едукација и личен развој.
Работно место:
Агент во Секторот за продажба реон Скопје во Сава осигурување а.д. Скопје, на ул. Загребска 28 А
Опис на работното место:
Работното место агент подразбира:
- изработување на понуди и полиси за осигурување;
- следење и грижа за наплата на премија за продадените полиси;
- комуникација со клиенти;
- поддршка на активностите на продажната мрежа;
- останати обврски согласно интерните акти на Друштвото и
- извршување на други работни задачи по налог на непосредниот претпоставен.
Потребни квалификации:
- завршено средно образование;
- познавање на работа со компјутер;
- комуникативност и продажни вештини;
- способност за тимска работа.
Услови:
- Неполно работно време од 4 часа дневно или вкупно 20 часа неделно, во периодот од 09:00 до 13:00 часот.
- Кандидатите имаат можност за неограничена заработувачка, при што, без разлика на исполнување на таргетот, се исплатува основна нето плата од 7.467,00 денари.
- Секој кандидат е должен да ја организира работата во согласност со тимот, како и работните задачи што му се зададени во текот на работното време.
- Можност за вработување и професионален развој во реномирана компанија.
- За избраните кандидати е обезбедена соодветна обука.
Потребна документација: CV
Заинтересираните да достават кратка биографија до Секторот за општи и правни работи во Сава осигурување а.д. Скопје на ул. Загребска 28А, по пошта или на е-маил адреса: dokumenti@sava.mk. Пријавата треба да има назнака „Оглас за агент во Секторот за продажба“.
Рокот за пријавување е заклучно со 15.04.2021. По неговото завршување ќе биде извршен избор во законскиот рок во зависност од бројот на пријавени кандидати, а во согласност со член 23 став 2 од Законот за работни односи