05.8.2021

Станете дел од професионалниот и успешен тим на Сава осигурување а.д Скопје!

Сава осигурување вработува Актуар во самостојна служба за актуарски работи 

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Работно место:

„Актуар“ во Самостојната служба за актуарски работи.

Опис на работно место:

  • Соработување при подготовка осигурителните односи (услови, тарифи);
  • Соработување при анализирање на структурата на премијата, штетите и осигурителниот технички резултат за поединечни видови на осигурување;
  • Соработување при составување на актуарски извештаи, анализи и пресметки;
  • Соработување при анализирање на осигурителните ризици од подрачјето на осигурување;
  • Давање на стручни мислења;
  • Извршување на други работни задачи по налог на непосредниот претпоставен.

Потребни квалификации:

  • Завршенo четиригодишно високо образование (ВСС), Економски, Природно-математички, односно факултет од инженерско-техничка област;
  • Дозвола за работа како овластен актуар од страна на Агенцијата за супервизија на осигурување;
  • Најмалку 1 година работно искуство во областа на струката;
  • Познавање на англиски јазик.

Услови за вработување:

  • Број на извршители: 1 (еден);
  • Неопределено време;
  • Полно работно време кое изнесува 8 часа дневно или вкупно 40 часа неделно;
  • Почетна основна нето плата во висина од 60.000,00 денари.

Потребна документација:

Заинтересираните да достават кратка биографија до Секторот за општи и правни работи во Сава осигурување а.д. Скопје на ул. Загребска 28 А, по пошта или на е-маил адреса: dokumenti@sava.mk. Пријавата треба да има назнака „Оглас за Актуар во Самостојната служба за актуарски работи“.                                                        

Рокот за пријавување е заклучно до 20.08.2021 година. По неговото завршување ќе биде извршен избор во законскиот рок во зависност од бројот на пријавени кандидати, а во согласност со член 23 став 2 од Законот за работни односи.