20.10.2021
Јавен повик за изработка и испорака на печатени и канцелариски материјали
САВА осигурување а.д. Скопје ќе врши избор на најповолна компанија за набавка на канцелариски и печатени материјали за сопствени потреби на ниво на територија на Р.С. Македонија во времетраење од 1 (една) година односно од 01.01.2022 година до 31.12.2022 година.
Тендер канцелариски материјали
Спецификација на печатени материјали
Спецификација видови печатени материјали
Општи услови за набавка на Сава осигурување
Рок за доставување на понудата во Писарницата на Нарачателот е најдоцна до 15.11.2021 година до 15:00 часот.
Понудите треба да пристигнат до наведениот рок во еден оригинален примерок и една копија, при што соодветно е назначено на ковертите “Оригинална понуда“ и “Копија на понудата“, во архивата на:
САВА осигурување а.д. Скопје
ул. Загребска бр.28А Скопје
1000 Скопје, Р.С. Македонија
Со почит,
Сава осигурување а.д Скопје