05.11.2021

Станете дел од професионалниот и успешен тим на Сава осигурување а.д Скопје!

Сава осигурување вработува агент за продажба - реон Скопје. Претходно искуство или познавање на работата не е неопходно - ние вложуваме во кандидатите, во нивната едукација и личен развој

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Работно место:

„Агент“ во Оддел за едукација на нови кадри во продажба (инкубатор).

Опис на работно место:

  • Изработување на понуди и полиси за осигурување,
  • Следење и грижа за наплата на премија за продадени полиси,
  • Останати обврски согласно интерни акти на Друштвото,
  • Обавување на други работни задачи по налог на непосредниот претпоставен.

 Потребни квалификации:

  • Завршенo четиригодишно средно образование (ССС), гимназија или друго стручно образование;
  • Познавање на работа со компјутер;

Услови за вработување:

  • Број на извршители: 3 (три);
  • Определено време во траење од 1 месец;
  • Скратено работно време кое изнесува 4 часа дневно или вкупно 20 часа неделно;
  • Почетна основна нето плата во висина од 7.600,00 денари. 
  • Дополнително процент од продажба на основната нето плата.

 Потребна документација:

Заинтересираните да достават кратка биографија до Самостојна служба за човечки ресурси во Сава осигурување а.д. Скопје на ул. Загребска 28 А, по пошта или на е-маил адреса: dokumenti@sava.mk. Пријавата треба да има назнака „Оглас за Агент во Оддел за едукација на нови кадри во продажба (инкубатор) “.

 Рокот за пријавување е заклучно до 20.11.2021 година. По неговото завршување ќе биде извршен избор во законскиот рок во зависност од бројот на пријавени кандидати, а во согласност со член 23 став 2 од Законот за работни односи.