21.12.2021

Приклучи се во тимот вработуваме Агенти за продажба - Штип

Станете дел од професионалниот и успешен тим на САВА осигурување а.д. Скопје!

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Работно место:

„Агент“ во Сектор за продажба – Подружница Штип.

Опис на работно место:

  • Изработување на понуди и полиси за осигурување,
  • Следење и грижа за наплата на премија за продадени полиси,
  • Останати обврски согласно интерни акти на Друштвото,
  • Обавување на други работни задачи по налог на непосредниот претпоставен.

Потребни квалификации:

  • Завршенo четиригодишно средно образование (ССС), гимназија или друго стручно образование;
  • Познавање на работа со компјутер;

Услови за вработување:

  • Број на извршители: 2 (два);
  • Определено време во траење од 1 месец;
  • Скратено работно време кое изнесува 4 часа дневно или вкупно 20 часа неделно;
  • Почетна основна нето плата во висина од 7.600,00 денари.
  • Дополнително процент од продажба на основната нето плата.

Потребна документација:

Заинтересираните да достават кратка биографија до Самостојна служба за човечки ресурси во Сава осигурување а.д. Скопје на ул. Загребска 28 А, по пошта или на е-маил адреса: dokumenti@sava.mk. Пријавата треба да има назнака „Оглас за „Агент“ во Сектор за продажба – Подружница Штип“.

Рокот за пријавување е заклучно до 15.01.2022 година. По неговото завршување ќе биде извршен избор во законскиот рок во зависност од бројот на пријавени кандидати, а во согласност со член 23 став 2 од Законот за работни односи.