08.4.2022
Сава осигурување вработува „Стручен соработник за процеси“ во Самостојната служба за ИТ
Станете дел од професионалниот и успешен тим на САВА осигурување а.д. Скопје!
Работно место:
„Стручен соработник за процеси“ во Самостојната служба за ИТ во Дирекцијата на САВА осигурување а.д. Скопје, на ул. Загребска 28 А.
Опис на работно место:
- Анализа и дизајнирање софтверски решенија;
- Тестирање на програми;
- Извршување на покомплексни програмски задачи;
- Предлагање решенија за подобрување на работните процеси во полето на технологии на осигурувања;
- Поддршка на работни процеси;
- Активно учество во проекти во полето на технологии на осигурувања;
- Брза и ефикасна тимска/корисничка комуникација;
- Извршување на други работни задачи по налог на непосредниот претпоставен.
Потребни квалификации:
- Завршенo високо образование (ВСС) од областа на информатичката технологија, односно факултет од инженерско-техничка област;
- Искуство и познавање на работа од областа на информатичката технологија (програмирање);
- Задолжително познавање на MS SQL релациони бази на податоци;
- Познавање од областа на информациска безбедност;
- Познавање на англиски јазик – пишан и говорен;
- Способност за тимска работа.
Услови за вработување:
- Број на извршители: 1 (еден);
- 1 извршител со работа на неопределено време;
- Избраните кандидати ќе работат со полно работно време кое изнесува 8 часа дневно или вкупно 40 часа неделно;
Потребна документација:
Заинтересираните да достават кратка биографија до Секторот за општи и правни работи во Сава осигурување а.д. Скопје на ул. Загребска 28 А, по пошта или на е-маил адреса: dokumenti@sava.mk. Пријавата треба да има назнака „Оглас за Стручен соработник за процеси во Самостојна служба за ИТ“.
Рокот за пријавување е 5 (пет) дена од последниот ден на објавата на огласот, односно заклучно со 20.04.2022 година. По неговото завршување ќе биде извршен избор во законскиот рок во зависност од бројот на пријавени кандидати, а во согласност со член 23 став 2 од Законот за работни односи.