03.5.2022
Сава осигурување вработува „Самостоен стручен соработник за општи работи“ во Сектор за општи и правни работи
Станете дел од професионалниот и успешен тим на САВА осигурување а.д. Скопје - Дирекција !
Работно место:
„Самостоен стручен соработник за општи работи“ во Сектор за општи и правни работи во Дирекцијата на САВА осигурување а.д. Скопје, на ул. Загребска 28 А.
Опис на работно место:
- соработување при работни задачи од областа на секторот за потребите на друштвото;
- соработување при подготовка на мислења и нацрти на правните акти од областа на секторот;
- вршење на набавки за потребите на друштвото;
- организирање и извршување на работни задачи во врска со заштита на работното место;
- доставување на извештаи за непосредниот претпоставен и за потребите на органите на управување;
- комуникација со надлежни институции,
- обавување на други општи работи за потребите на Друштвото,
- обавување на други работни задачи по налог на непосредниот претпоставен.
Потребни услови:
- Завршенo високо образование (ВСС) правен, економски факултет или факултет од друга соодветна област;
- Познавање на работа со компјутери.
Услови за вработување:
- Број на извршители: 1 (еден);
- 1 извршител со работа на определено време од 6 месеци;
- Избраните кандидати ќе работат со полно работно време кое изнесува 8 часа дневно или вкупно 40 часа неделно;
- Секој кандидат е должен да ја организира работата во согласност со колегите од тимот, како и работните задачи добиени во текот на работното време кое што започнува од 08.00-08.30 и трае до 16.00-16.30 часот;
- Основна нето плата од 30.000,00 денари.
Потребна документација:
Заинтересираните да достават кратка биографија до Секторот за општи и правни работи во Сава осигурување а.д. Скопје на ул. Загребска 28 А, по пошта или на е-маил адреса: dokumenti@sava.mk. Пријавата треба да има назнака „Оглас за Самостоен стручен соработник за општи работи во Сектор за општи и правни работи“.
Рокот за пријавување е 5 (пет) дена од последниот ден на објавата на огласот, односно заклучно со 10.05.2022 година (вторник). По неговото завршување ќе биде извршен избор во законскиот рок во зависност од бројот на пријавени кандидати, а во согласност со член 23 став 2 од Законот за работни односи.