17.8.2022

Сава осигурување а.д. Скопје вработува „Агент“ во Оддел за едукација на нови кадри во продажба

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Работно место:

„Агент“ во Оддел за едукација на нови кадри во продажба (инкубатор).

Опис на работно место:

  • Изработување на понуди и полиси за осигурување,
  • Следење и грижа за наплата на премија за продадени полиси,
  • Останати обврски согласно интерни акти на Друштвото,
  • Обавување на други работни задачи по налог на непосредниот претпоставен.

Потребни квалификации:

  • Завршенo четиригодишно средно образование (ССС), гимназија или друго стручно образование;
  • Познавање на работа со компјутер;

Услови за вработување:

  • Број на извршители: 2 (два);
  • Определено време во траење од 1 месец;
  • Скратено работно време кое изнесува 4 часа дневно или вкупно 20 часа неделно;
  • Почетна основна нето плата во висина од 9000,00 денари.
  • Процент од продажба на основната нето плата

 

Потребна документација:

Заинтересираните да достават кратка биографија до Самостојна служба за човечки ресурси во Сава осигурување а.д. Скопје на ул. Загребска 28 А, по пошта или на е-маил адреса: dokumenti@sava.mk. Пријавата треба да има назнака „Оглас за Агент во Оддел за едукација на нови кадри во продажба (инкубатор)“.                                                           

Рокот за пријавување е заклучно до 15.09.2022 година. По неговото завршување ќе биде извршен избор во законскиот рок во зависност од бројот на пријавени кандидати, а во согласност со член 23 став 2 од Законот за работни односи.

Напомена: Со достава на Вашата апликацијана овој оглас за вработување, вие ни овозможувате да имаме пристап до Вашите лични податоци. Истите ќе се  чуваат, обработуваат и користат исклучиво за целите на регрутација и селекција. Повеќе информации околу Вашите права  за обработка на личните податоци  како и за начинот на обработка на личните податоци може да добиете на следниот линк:

https://mk.sava.insure/media/store/mk-MK/2021/Izvestuvanje-za-privatnost-za-kandidati-za-vrabotuvanje.pdf