17.8.2022
Сава осигурување а.д. Скопје вработува „Агент“ во Оддел за едукација на нови кадри во продажба
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
Работно место:
„Агент“ во Оддел за едукација на нови кадри во продажба (инкубатор).
Опис на работно место:
- Изработување на понуди и полиси за осигурување,
- Следење и грижа за наплата на премија за продадени полиси,
- Останати обврски согласно интерни акти на Друштвото,
- Обавување на други работни задачи по налог на непосредниот претпоставен.
Потребни квалификации:
- Завршенo четиригодишно средно образование (ССС), гимназија или друго стручно образование;
- Познавање на работа со компјутер;
Услови за вработување:
- Број на извршители: 2 (два);
- Определено време во траење од 1 месец;
- Скратено работно време кое изнесува 4 часа дневно или вкупно 20 часа неделно;
- Почетна основна нето плата во висина од 9000,00 денари.
- Процент од продажба на основната нето плата
Потребна документација:
Заинтересираните да достават кратка биографија до Самостојна служба за човечки ресурси во Сава осигурување а.д. Скопје на ул. Загребска 28 А, по пошта или на е-маил адреса: dokumenti@sava.mk. Пријавата треба да има назнака „Оглас за Агент во Оддел за едукација на нови кадри во продажба (инкубатор)“.
Рокот за пријавување е заклучно до 15.09.2022 година. По неговото завршување ќе биде извршен избор во законскиот рок во зависност од бројот на пријавени кандидати, а во согласност со член 23 став 2 од Законот за работни односи.
Напомена: Со достава на Вашата апликацијана овој оглас за вработување, вие ни овозможувате да имаме пристап до Вашите лични податоци. Истите ќе се чуваат, обработуваат и користат исклучиво за целите на регрутација и селекција. Повеќе информации околу Вашите права за обработка на личните податоци како и за начинот на обработка на личните податоци може да добиете на следниот линк: