28.12.2022
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
Станете дел од професионалниот и успешен тим на САВА осигурување а.д. Скопје!
Работно место:
„Администратор“ во Самостојна служба – Контакт центар.
Опис на работно место:
- Оператор на телефонска централа и асистенција при пријава на штети,
- Извршување на административни работни задачи за потребите на службата,
- Обавување на други работни задачи по налог на претпоставен.
Потребни квалификации:
- Завршенo четиригодишно средно образование (ССС), гимназија или друго стручно образование;
- Познавање на работа со компјутер;
Услови за вработување:
- Број на извршители: 1 (еден);
- Определено време во траење од 3 (три) месеци;
- Полно работно време од 40 часа неделно;
- Работа во смени: прва смена од 08:00 ч до 16:00 ч и втора смена од 16:00 ч ди 22:00 ч
- Работа во сабота од 08:00 ч до 16:00 ч
- Почетна основна нето плата во висина од 20.000,00 денари.
Потребна документација:
Заинтересираните да достават кратка биографија до Самостојна служба за човечки ресурси во Сава осигурување а.д. Скопје на ул. Загребска 28 А, по пошта или на е-маил адреса: dokumenti@sava.mk. Пријавата треба да има назнака „Оглас за Администратор во Самостојна служба – Контакт центар “.
Рокот за пријавување е заклучно до 15.01.2023 година. По неговото завршување ќе биде извршен избор во законскиот рок во зависност од бројот на пријавени кандидати, а во согласност со член 23 став 2 од Законот за работни односи.
Напомена: Со достава на Вашата апликацијана овој оглас за вработување, вие ни овозможувате да имаме пристап до Вашите лични податоци. Истите ќе се чуваат, обработуваат и користат исклучиво за целите на регрутација и селекција. Повеќе информации околу Вашите права за обработка на личните податоци како и за начинот на обработка на личните податоци може да добиете на следниот линк: