06.2.2023

Јавен повик за сервис за тековно одржување на хигиена

Јавен повик за тековно одржување на хигиена во период од една година

САВА осигурување а.д. Скопје ќе врши избор на најповолна компанија за набавка на услуги за тековно одржување на хигиената на деловни простории за потребите на САВА осигурување а.д. Скопје на територија на Р.С. Македонија во времетраење од 1 (една) година односно од 01.03.2023 година до 01.03.2024 година.

Тендер за тековно одржување на хигиена во период од една година

Изјава

Општи услови за набавки на САВА осигурување

Пријавата за учество треба да се достави во затворен коверт со назнака во горниот лев агол

„Не отварај” и „За тендер“ ПОВИК бр. 15.02.2023 година за Оддел Набавки, додека во средината на пликот треба да биде назначена адресата на Нарачателот.

Ковертот не смее да содржи никаква ознака со која би можел да се идентификува испраќачот.

 Рок за доставување на понудата во Писарницата на Нарачателот е најдоцна до 15.02.2023 година до 15:00 часот.

Понудите треба да пристигнат до наведениот рок во еден оригинален примерок и една копија, при што соодветно е назначено на ковертите “Оригинална понуда“ и “Копија на понудата“,  во архивата на:

САВА осигурување а.д. Скопје

ул. Загребска бр.28А Скопје

1000 Скопје, Р.С. Македонија

Понудите кои ќе пристигнат во Писарницата на Нарачателот по овој рок, нема да бидат земени во предвид при разгледувањето.

Нарачателот нема да сноси никаква одговорност во случај на несоодветна достава, губење или предвремено отварање, доколку ковертoт не е соодветно означен.

САВА осигурување а.д. Скопје