13.3.2023
Јавен повик за набавка на вршење услуги за обезбедување
Јавен повик за набавка на вршење услуги за обезбедување на деловни простории
САВА осигурување а.д. Скопје ќе врши избор на најповолна компанија за набавка на вршење услуги за обезбедување на деловни простории за потребите на САВА осигурување а.д. Скопје на територија на Р.С. Македонија во времетраење од 1(една) година односно од 01.04.2023 година до 01.04.2024 година.
Повикот - барањето за доставување на Пријава за учество е отворено за сите домашни правни лица регистрирани или овластени за предметната набавка.
Tендер за набавка на вршење на услуги за обезбедување
Општи услови за набавка на САВА осигурување а.д. Скопје
Пријавата за учество треба да се достави во затворен коверт со назнака во горниот лев агол „Не отварај” и „За тендер“ ПОВИК бр. 13.03.2022 година за Оддел Набавки, додека во средината на пликот треба да биде назначена адресата на Нарачателот.
Ковертот не смее да содржи никаква ознака со која би можел да се идентификува испраќачот.
Рок за доставување на понудата во Писарницата на Нарачателот е најдоцна до 24.03.2022 година до 15:00 часот.
Понудите треба да пристигнат до наведениот рок во еден оригинален примерок и една копија, при што соодветно е назначено на ковертите “Оригинална понуда“ и “Копија на понудата“, во архивата на:
САВА осигурување а.д. Скопје
ул. Загребска бр.28А Скопје
1000 Скопје, Р.С. Македонија
Понудите кои ќе пристигнат во Писарницата на Нарачателот по овој рок, нема да бидат земени во предвид при разгледувањето.
Нарачателот нема да сноси никаква одговорност во случај на несоодветна достава, губење или предвремено отварање, доколку ковертoт не е соодветно означен.