15.5.2023

Вработуваме „Стручен соработник за контролинг“ во Самостојна служба за контролинг.

Станете дел од професионалниот и успешен тим на САВА осигурување а.д. Скопје!

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Работно место:

„Стручен соработник за контролинг“ во Самостојна служба за контролинг.

Опис на работно место:

  • Следење на сите сегменти, процеси од дејствувањето на Друштвото;
  • Изготвување на извештаи, информации и анализи за работата на Друштвото во целост и по поединечни организациски единици;
  • Учество во изработка и усогласување на плановите на друштвото и следење на нивната реализација, проценување на причините за девијации и предлагање на мерки;
  • Водење на евиденција и статистика за работењето на Друштвото;
  • Известување и објаснување на трендовите, плановите, анализите, извештаите и калкулациите;
  • Обавување на други работни задачи по налог на непосредниот претпоставен. 

Потребни квалификации:

  • Завршенo високо образование (ВСС), Економски науки (области: финансии, математика, статистика, информатика);
  • Познавање на Microsoft Office, компјутерски вештини за анализа на податоци;
  • Способност за тимска работа, креативност, иновативност, амбициозност, добра организација, работа со рокови, одговорност и желба за нови знаења;
  • Познавање на англиски јазик – пишан и говорен;
  • Одлични комуникациски способности.

Услови за вработување:

  • Број на извршители: 1 (еден);
  • Определено време во траење од 3 (три) месеци;
  • Полно работно време кое изнесува 8 часа дневно или вкупно 40 часа неделно;
  • Почетна основна нето плата во висина од 30.000,00 денари. 

Потребна документација:

Заинтересираните да достават кратка биографија до Самостојна служба за човечки ресурси во Сава осигурување а.д. Скопје на ул. Загребска 28 А, по пошта или на е-маил адреса: dokumenti@sava.mk. Пријавата треба да има назнака „Оглас за Стручен соработник за контролинг во Самостојна служба за контролинг“.

Рокот за пријавување е заклучно до 28.05.2023 година. По неговото завршување ќе биде извршен избор во законскиот рок во зависност од бројот на пријавени кандидати, а во согласност со член 23 став 2 од Законот за работни односи.

Напомена: Со достава на Вашата апликацијана овој оглас за вработување, вие ни овозможувате да имаме пристап до Вашите лични податоци. Истите ќе се  чуваат, обработуваат и користат исклучиво за целите на регрутација и селекција. Повеќе информации околу Вашите права  за обработка на личните податоци  како и за начинот на обработка на личните податоци може да добиете на следниот линк:

https://mk.sava.insure/media/store/mk-MK/2021/Izvestuvanje-za-privatnost-za-kandidati-za-vrabotuvanje.pdf