16.5.2023

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ - Стручен соработник за процеси

Станете дел од тимот на Сава осигурување!

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Работно место:

„Стручен соработник за процеси“ во Самостојната служба за ИТ во Дирекцијата на САВА осигурување а.д. Скопје, на ул. Загребска 28 А.

Опис на работно место:

  • Анализа и дизајнирање софтверски решенија;
  • Тестирање на програми;
  • Извршување на покомплексни програмски задачи;
  • Предлагање решенија за подобрување на работните процеси во полето на технологии на осигурувања;
  • Поддршка на работни процеси;
  • Активно учество во проекти во полето на технологии на осигурувања;
  • Брза и ефикасна тимска/корисничка комуникација;
  • Извршување на други работни задачи по налог на непосредниот претпоставен.

Потребни квалификации:

  • Завршенo високо образование (ВСС) од областа на информатичката технологија, односно факултет од инженерско-техничка област;
  • Искуство и познавање на работа од областа на информатичката технологија (програмирање);
  • Задолжително познавање на MS SQL релациони бази на податоци;
  • Познавање од областа на информациска безбедност;
  • Познавање на англиски јазик – пишан и говорен;
  • Способност за тимска работа.

Услови за вработување:

  • Број на извршители: 1 (еден);
  • Определено време во траење од 6 (шест) месеци;
  • Полно работно време кое изнесува 8 часа дневно или вкупно 40 часа неделно;
  • Почетна основна нето плата во висина од 36.000,00 денари.

Потребна документација:

Заинтересираните да достават кратка биографија до Самостојна служба за човечки ресурси во Сава осигурување а.д. Скопје на ул. Загребска 28 А, по пошта или на е-маил адреса: dokumenti@sava.mk. Пријавата треба да има назнака „Стручен соработник за процеси“ во Самостојната служба за ИТ.

Рокот за пријавување е заклучно до 28.05.2023 година. По неговото завршување ќе биде извршен избор во законскиот рок во зависност од бројот на пријавени кандидати, а во согласност со член 23 став 2 од Законот за работни односи.

Напомена: Со достава на Вашата апликацијана овој оглас за вработување, вие ни овозможувате да имаме пристап до Вашите лични податоци. Истите ќе се  чуваат, обработуваат и користат исклучиво за целите на регрутација и селекција. Повеќе информации околу Вашите права  за обработка на личните податоци  како и за начинот на обработка на личните податоци може да добиете на следниот линк:

https://mk.sava.insure/media/store/mk-MK/2021/Izvestuvanje-za-privatnost-za-kandidati-za-vrabotuvanje.pdf