05.6.2023
Станете дел од професионалниот и успешен тим на САВА осигурување а.д. Скопје!
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ -„Агент“ во Сектор за продажба
Работно место:
„Агент“ во Сектор за продажба – Подружница Прилеп
„Агент“ во Сектор за продажба – Подружница Струга
„Агент“ во Сектор за продажба – Подружница Штип
Опис на работно место:
- Изработување на понуди и полиси за осигурување,
- Следење и грижа за наплата на премија за продадени полиси,
- Останати обврски согласно интерни акти на Друштвото,
- Обавување на други работни задачи по налог на непосредниот претпоставен.
Потребни квалификации:
- Завршенo четиригодишно средно образование (ССС), гимназија или друго стручно образование;
- Познавање на работа со компјутер;
Услови за вработување:
- Број на извршители:
- 1 (еден) во Подружница Прилеп;
- 1 (еден) во Подружница Струга;
- 2 (два) во Подружница Штип;
- Определено време во траење од 3 месеци;
- Полно работно време кое изнесува 8 часа дневно или вкупно 40 часа неделно;
- Почетна основна нето плата во висина од 20.175,00 денари.
Потребна документација:
Заинтересираните да достават кратка биографија до Самостојна служба за човечки ресурси во Сава осигурување а.д. Скопје на ул. Загребска 28 А, по пошта или на е-маил адреса: dokumenti@sava.mk. Пријавата треба да има назнака „Оглас за „Агент“ во Сектор за продажба – Подружница Прилеп / Подружница Струга / Подружница Штип“ (наведете за кој град аплицирате).
Рокот за пријавување е заклучно до 20.06.2023 година. По неговото завршување ќе биде извршен избор во законскиот рок во зависност од бројот на пријавени кандидати, а во согласност со член 23 став 2 од Законот за работни односи.
Напомена: Со достава на Вашата апликацијана овој оглас за вработување, вие ни овозможувате да имаме пристап до Вашите лични податоци. Истите ќе се чуваат, обработуваат и користат исклучиво за целите на регрутација и селекција. Повеќе информации околу Вашите права за обработка на личните податоци како и за начинот на обработка на личните податоци може да добиете на следниот линк: