05.6.2023

Станете дел од професионалниот и успешен тим на САВА осигурување а.д. Скопје!

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ -„Агент“ во Сектор за продажба

Работно место:

„Агент“ во Сектор за продажба – Подружница Прилеп

„Агент“ во Сектор за продажба – Подружница Струга

„Агент“ во Сектор за продажба – Подружница Штип

Опис на работно место:

  • Изработување на понуди и полиси за осигурување,
  • Следење и грижа за наплата на премија за продадени полиси,
  • Останати обврски согласно интерни акти на Друштвото,
  • Обавување на други работни задачи по налог на непосредниот претпоставен.

Потребни квалификации:

  • Завршенo четиригодишно средно образование (ССС), гимназија или друго стручно образование;
  • Познавање на работа со компјутер;

Услови за вработување:

  • Број на извршители:
  • 1 (еден) во Подружница Прилеп;
  • 1 (еден) во Подружница Струга;
  • 2 (два) во Подружница Штип;
  • Определено време во траење од 3 месеци;
  • Полно работно време кое изнесува 8 часа дневно или вкупно 40 часа неделно;
  • Почетна основна нето плата во висина од 20.175,00 денари.

Потребна документација:

Заинтересираните да достават кратка биографија до Самостојна служба за човечки ресурси во Сава осигурување а.д. Скопје на ул. Загребска 28 А, по пошта или на е-маил адреса: dokumenti@sava.mk. Пријавата треба да има назнака „Оглас за „Агент“ во Сектор за продажба – Подружница Прилеп / Подружница Струга / Подружница Штип“ (наведете за кој град аплицирате).

Рокот за пријавување е заклучно до 20.06.2023 година. По неговото завршување ќе биде извршен избор во законскиот рок во зависност од бројот на пријавени кандидати, а во согласност со член 23 став 2 од Законот за работни односи.

Напомена: Со достава на Вашата апликацијана овој оглас за вработување, вие ни овозможувате да имаме пристап до Вашите лични податоци. Истите ќе се  чуваат, обработуваат и користат исклучиво за целите на регрутација и селекција. Повеќе информации околу Вашите права  за обработка на личните податоци  како и за начинот на обработка на личните податоци може да добиете на следниот линк:

https://mk.sava.insure/media/store/mk-MK/2021/Izvestuvanje-za-privatnost-za-kandidati-za-vrabotuvanje.pdf