17.7.2023

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ - „Внатрешен ревизор во Самостојна служба за внатрешна ревизија“

Станете дел од професионалниот и успешен тим на САВА осигурување а.д. Скопје!

 Работно место:

„Внатрешен ревизор во Самостојна служба за внатрешна ревизија“ во Дирекцијата на САВА осигурување а.д. Скопје, на ул. Загребска 28 А.

Опис на работно место:

  • реализирање на програмата за работа во службата за внатрешна ревизија;
  • следење, контролирање, анализирање и надзор на сите процеси во друштвото кои на било кој начин влијаат на успешноста на работењето и на висината односно изворот на средствата;
  • проверка на усогласеноста на работењето како со ориентациите, плановите и процесите така и со законските или другите прописи и оценување на деловните ризици;
  • соработка со надворешните ревизори при прегледување на годишните извештаи за работењето;
  • обавување на други работни задачи во согласност со Закон и интерните акти на Друштвото.

 Потребни квалификации:

  • Завршено ВСС - економски, правен односно факултет од опшествена или инженерско-техничка област;
  • Стручен назив овластен ревизор;
  • Познавање на англиски јазик – пишан и говорен;
  • Најмалку 1 година работно искуство во струката;
  • Познавање на работа на компјутер;
  • Способност за тимска работа.

Услови за вработување:

  • Број на извршители: 1 (еден);
  • неопределено време;
  • Полно работно време кое изнесува 8 часа дневно или вкупно 40 часа неделно;
  • Почетна основна нето плата во висина од 77.000,00 денари.

Потребна документација:

Заинтересираните да достават кратка биографија до Самостојна служба за човечки ресурси во Сава осигурување а.д. Скопје на ул. Загребска 28 А, по пошта или на е-маил адреса: dokumenti@sava.mk. Пријавата треба да има назнака „Внатрешен ревизор“ во Самостојната служба за внатрешна ревизија.

Рокот за пријавување е заклучно до 31.07.2023 година. По неговото завршување ќе биде извршен избор во законскиот рок во зависност од бројот на пријавени кандидати, а во согласност со член 23 став 2 од Законот за работни односи.

Напомена: Со достава на Вашата апликацијана овој оглас за вработување, вие ни овозможувате да имаме пристап до Вашите лични податоци. Истите ќе се  чуваат, обработуваат и користат исклучиво за целите на регрутација и селекција. Повеќе информации околу Вашите права  за обработка на личните податоци  како и за начинот на обработка на личните податоци може да добиете на следниот линк:

https://mk.sava.insure/media/store/mk-MK/2021/Izvestuvanje-za-privatnost-za-kandidati-za-vrabotuvanje.pdf