06.3.2024

Јавен повик за набавка на вршење услуги за обезбедување

САВА осигурување а.д. Скопје врши избор на најповолна компанија за набавка на вршење услуги за обезбедување на деловни простории за потребите на САВА осигурување а.д. Скопје на територија на Р.С. Македонија во времетраење од 1(една) година односно од 01.04.2024 година до 01.04.2025 година.

Повикот - барањето за доставување на Пријава за учество е отворено за сите домашни правни лица регистрирани или овластени за предметната набавка.

Документи:

Тендер за набавка на вршење на услуги за обезбедување

Понуда

Изјава

Општи услови за набавка на САВА осигурување а.д. Скопје

Рок за доставување на понудата во Писарницата на Нарачателот е најдоцна до 18.03.2024 година до 15:00 часот.

Понудите треба да пристигнат до наведениот рок во еден оригинален примерок и една копија, при што соодветно е назначено на ковертите “Оригинална понуда“ и “Копија на понудата“,  во архивата на:

САВА осигурување а.д. Скопје

ул. Железничка бр.41 Скопје

1000 Скопје, Р.С. Македонија

Понудите кои ќе пристигнат во Писарницата на Нарачателот по овој рок, нема да бидат земени во предвид при разгледувањето.

Нарачателот нема да сноси никаква одговорност во случај на несоодветна достава, губење или предвремено отварање, доколку ковертoт не е соодветно означен.

САВА осигурување а.д. Скопје