18.3.2024

САВА ОСИГУРУВАЊЕ ЈА ПРОМОВИРАШЕ ПРВАТА Е-ПОДРУЖНИЦА

Тимот на Сава Осигурување веќе 30 години посветено работи на секојдневното  унапредување на услугите кон своите корисници, градејќи професионални и успешни вработени чиј фокус е насочен кон очекувањата на нашите клиенти и соработници.

Како осигурителна компанија секогаш сме насочени кон новите предизвици кои произлегуваат од напредната технологија и дигитализација на деловните процеси. Како резултат на тоа, на 15.03.2024 година ја промовиравме  Подружницата Три Бисери во Скопје како  Е-Подружница, прва  меѓу осигурителните компании во Македонија, а воедно и во Сава Осигурителна Групација.

Е-Подружницата Три Бисери нуди модерен и современ начин на продажба на осигурителните продукти, а флексибилните работни услови на вработените и техничката подготвеност овозможуваат целосна посветеност и прилагодливост кон потребите на клиентот. 

Инспирирани од Вашето задоволство, продолжуваме и понатаму континуирано да работиме на нови проекти насочени кон поголема достапност, флексибилност и посветеност како кон клиентите така и кон вработените во Сава Осигурување.