22.3.2024

Прва Кофас Country Risk конференција во Македонија

Кофас заедно со партнерите Сава осигурување, Интеркредит и адвокатско друштво Прљак и Свиќ ја организираа првата Кофас Country Risk конференција

21.03.2024, Скопје - Светски познатата француска компанија Кофас ја организираше првата Country Risk конференција во Македонија. Со повеќе од 75 годишно искуство, претставници на оваа меѓународна компанија за управување со кредитни ризици и гости од други домашни и странски институции, говореа за ризиците од неплаќање на побарувањата и како да се заштитиме од неплаќање.

Сергеј Симонити, регионалниот директор за Кофас Адриатик, вели дека Кофас Македонија е конститутивен дел на Адриатик регионот. „Пазарот во Македонија е во развој, веруваме во успех на македонската економија и веруваме, дека со нашите продукти, може квалитетно да придонесеме до успехот на економијата. Македонија ја гледаме како крстосница меѓу југот и северот, западот и истокот и веруваме во успешен развој. Исто така, многу работиме со словенските инвеститори во Македонија и на крај, но многу е важно, во Македонија се чувствуваме добредојдено“, рече Симонити.

Во својата активност на македонскиот пазар, оваа светска компанија соработува со локални партнери. „На подрачјето на осигурувања на побарувањата наш ценет партнер е Сава осигурување, на подрачјето на деловните информации одлично соработуваме со Интеркредит. Што се однесува до делот на судска наплата, најзначаен партнер во Адриатик регионот е правното друштво Праљак и Свиќ од Загреб“, вели Симонити. Овие три компании, заедно со Кофас Адриатик, ја организираа денешната прва Country Risk конференција во земјава.

Според Мелита Гугуловска, генерален директор на Сава Осигурување а.д. Скопје, се повеќе расте бројот на осигуреници коиСава осигурување на побарувања го користат продуктот Осигурување на побарувања.

„Сава осигурување го претстави овој продукт, кој дава максимална заштита на бизнисот на компаниите, уште во 2018 година. Сите компании имаат долгогодишни бизнис партнери со кои соработуваат и со кои имаат беспрекорна соработка. Но, не ретко се случува дел од нив, во одредено време, да имаат финансиски проблеми и да престанат со плаќање на обврските. Токму таа ненаплата на побарувањата е ризикот кој го преземаат Сава осигурување и Кофас“, рече Гугуловска.

„Покрај основната функција, заштита од ненаплата на побарување, тој е моќна алатка која дава можност нашите осигуреници да ја зголемат продажбата преку послободен пазар на сегашните и идните маркети, во земјата и надвор, детална анализа на ризикот и финансиската стабилност на секој ваш бизнис партнер – купувач, максимална контрола на реализација на вашите финансиски планови“ заврши Гугуловска.

На конференцијата неколку компании, како што се Алкалоид и Либерти стил груп, го презентираа своето искуство одСава осигурување побарувања Кофас осигурување на побарувањата и заштита од деловните ризици. Македонски партнер во областа на судската наплата за клиентите на Кофас се јавува адвокатското друштво Лазов Бадева адвокати.

Интеркредит, како 20 годишен партнер на Кофас, учествува во оваа конференција за да се подигне свеста кај домашните компании дека не се сами во бизнис ризиците, дека компанијата Кофас со повеќе од 75 годишно искуство во кредитното осигурување и управување со ризик, е тука да помогне и нивната визија за успешен и сигурен бизнис ја пренесе кај македонските компании.

„Интеркредит нуди брзи и ефикасни решенија за заштита од потенцијални деловни ризици преку можноста за процена на нови деловни партнери, процена на финансиската состојба на компаниите, осигурување на побарувања и пронаоѓање нови деловни партнери низ целиот свет“, рече Горан Николоски, генерален директор на Интеркредит Македонија.