12.12.2024
Срце за свет: Хуманите активности на Сава Осигурување во 2024 година
Во текот на 2024 година, како дел од иницијативата „Срце за свет“, реализиравме бројни активности кои ја потврдуваат нашата заложба за хуманост и поддршка на заедницата.
Активности со лицата со интелектуална попреченост
Во соработка со Дневниот центар „Пролет“, организиравме работилници каде креиравме маски, цртавме на канвас платна и садевме цвеќиња. Годината ќе ја заокружиме со исполнување на желбите на корисниците за Новата година 2025, со надеж дека ќе внесеме радост и топлина во нивните животи.
Поддршка на настани за подигање на свеста
Како и секоја година, бевме дел од настанот во Градскиот парк организиран од Аутизам МК. Исто така, ги поканивме учесниците на настан организиран со Сава Пензиско друштво „Сава Мариово тура“, каде преку игра и дружење ја подигнавме свеста за маргинализираните групи.
Хуманитарни акции со Црвениот крст и Ретвитни оброк
Заедно со вработените, реализиравме донации на храна, школски прибор и финансиска поддршка за пунктот за бездомни лица. Дополнително, со нашата акција во соработка со Ретвитни оброк, подготвивме 150 оброци за социјално загрозени лица.
Крводарителски акции
Организиравме три успешни крводарителски акции – две во соработка со Сава Пензиско друштво и една со Агенцијата за супервизија на осигурување, со што помогнавме да се обезбедат неопходни резерви на крв за оние на кои им е најпотребна.
Проекти со Амбасадата на Република Словенија - Поддршка на образованието и занаетчиството
Горди сме што ја поддржавме и амбасадата на Република Словенија во нејзините хуманитарни проекти. Преку соработка со текстилните училишта во Битола и Куманово, како и реновирање на основни училишта во Македонски Брод и Тетово, овозможивме подобри услови за учениците, вклучително и децата со посебни потреби.
Поглед кон иднината
Со големо срце и уште поголема посветеност, во Новата 2025 година ќе продолжиме да исполнуваме желби и да внесуваме радост и надеж во заедницата.
Заедно, создаваме промени и топлиме срца! ❤️