21.1.2025
Повик за пријавување за избор на надворешен ревизор за 2025 година
Друшвото Сава осигурување а.д. Скопје е во постапка на избор на надворешен ревизор за ревизија на поединечни и консолидирани финансиските извештаи на Друштвото (понатаму финансиски извештаи) за 2025 година, подготвени согласно важечките законски прописи во Република Северна Македонија и барањата на Агенцијата за супервизија на осигурување, како и ревизија на групацискиот пакет на известување согласно инструкции од групниот ревизор. Доколку сте заинтересирани да бидете назначени за овој ангажман, ве молиме да ни доставите писмена понуда.
Информациите за Друштвото Сава осигурување а.д. Скопје можете да ги најдете на веб страната: https://mk.sava.insure/.
Очекувања на нарачателот:
- Ревизија на финансиски извештаи во согласност со одредбите на Законот за трговските друштва и Законот за ревизија на Република Северна Македонија и одредбите на Правилникот за формата и содржината на ревизорскиот извештај и минималниот опфат на ревизија на друштвата за осигурување и реосигурување (Служебен весник 6p. 27 /02, 84/02, 98/02, 33/04, 88/05, 79/07, 8/08, 88/08, 56/09, 67/10;
- Ревизија на известувачкиот пакет за цели на консолидација подготвен согласно МСФИ, а согласно инструкции од групацискиот ревизор;
- Писмо со препораки до раководството во фазата на пред ревизија и во финална ревизија;
Во понудата очекуваме да вклучите:
- Презентација на вашето друштво за ревизија, презентација на референци за извршени ревизии и референци во осигурителната индустрија;
- Информација за број на вработени во друштвото за ревизија и нивни стручни квалификации, како овластени ревизори или други квалификации стекнати во и надвор од земјата;
- Презентација на структурата на ревизорскиот тим кои ќе учествуваат во ревизиjaтa, преку дефинирање на потребните часови и цени по одделни членови на тимот за ревизија, со дефинирање на нивното искуство во финансиските институции и поединечно со нивно име и презиме, барем за клучните членови на тимовите и вклучените експерти. Во структурата на тимот се очекува да се вклучи експерт актуар, ИТ експерти, експерти со познавање на МСФИ 17 и други експерти;
- Информација за извршени надворешни контроли на квалитет на друштвото за ревизија и внатрешни контроли на квалитет во рамките на ревизорската мрежа;
- Гаранција дека временската рамка за извршување на ревизијата ќе биде прилагодена на законските барања во земјата и согласно очекувањата на Групацијата. За цели на пакетот за известување до групацијата, се очекува ревизорот да го подготви неговиот извештај на датум околу 10.02.2026 година, а датумот ќе биде дополнително утврден при потпишување на договорот. Извештај на ревизорот за статутарните поединечни и консолидирани финансиски извештаи треба да биде доставен до 10 март 2026 година, заедно со извештај во долга форма изготвен врз основа на Правилникот за формата и содржината на ревизорскиот извештај и минималниот опфат на ревизија на друштвата за осигурување и реосигурување. Нацрт писмо до раководството во пред-ревизија заклучно со 30 ноември 2025 година и финално писмо до раководството на 10 март 2026 година.
- Кон понудата приложете потврда од ИОРРСМ за неизречени дисциплински мерки за овластените ревизори, членови на тимот и за друштвото за ревизија;
- Кон понудата приложете изјава дека не постои конфликт на интереси помеѓу компаниите во Sava Insurance Group и компаниите во вашата деловна мрежа и дека ниту една дадена услуга не предизвикува сомнеж за вашата независност во ревизијата на финансиските извештаи на Сава осигурување а.д. Скопје. Ако сте давале услуги во Sava Insurance Group, наведете ги истите и идентификувате дали тие не/можат да ја загрозат вашата независност;
- Цената на договорот треба да ги вклучува трошоците за извршување на услугите и сите други можни трошоци, без и со вклучен ДДВ;
- Понатаму очекуваме продолжување на договорот за ревизија во следните две години.
Барање за понуда за ревизија - документација
Дополнителни информации можете да добиете кај Марјонка Николовска (е-мејл marjonka.nikolovska@sava.mk).
Ќе бидат разгледани сите понуди пристигнати до 20 февруари 2025 година во 12:00 часот на е-поштата marjonka.nikolovska@sava.mk или доставени по препорачана пошта до 20 февруари 2025 година со назнака „- не отворај – на рака на Марјонка Николовска".
За понатамошните процедури за селекција ќе ве информираме по добивањето на понудите.