30.4.2025
ЈАВЕН ПОВИК за свикување на Годишно Собрание на акционери на САВА осигурување, а.д. Скопје,
Врз основа на член 388 од Законот за трговските друштва (Службен весник на РМ бр. 28/2004 и сите негови последователни измени и дополнувања), член 61 од Статутот на САВА осигурување, а.д. Скопје (во понатамошниот текст: Друштвото), како и Одлуката на Одборот на директори за свикување на Годишно Собрание на акционери Друштвото, се објавува:
ЈАВЕН ПОВИК
за свикување на Годишно Собрание на акционери на САВА осигурување, а.д. Скопје, со седиште на ул.Железничка бр.41 Скопје, Р.С.Македонија-69-та седница
- Се свикува Годишно Собрание на акционери 69-та седница на САВА осигурување, а.д. Скопје, со седиште на ул.Железничка бр.41 Скопје, Р.С.Македонија, кое ќе се одржи на ден 06.05.2025 година, со почеток во 10:00 часот, во седиштето на Друштвото на ул.Железничка бр.41 Скопје, Р.С.Македонија во салата за состаноци која се наоѓа на кат 04.
- Се покануваат сите акционери на САВА осигурување а.д. Скопје да учествуваат во работата на Годишно Собрание на акционери 69-та седница на САВА осигурување, а.д. Скопје.
- Годишно Собрание на акционери 69-та седница на САВА осигурување, а.д. Скопје ќе работи со следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
I.Процедурален дел
- Отворање на седницата на Собранието
- Избор на работни тела
- Утврдување кворум за работа
- Избор на Претседавач
- Избор на бројач на гласови
- -Именување на Нотар за водење на Записникот на Собранието
- Разгледување на Годишна сметка и Годишен ревидиран извештај за работењето на САВА осигурување, а.д. Скопје, за 2024 година, со:
- Предлог-Одлука за одобрување на Годишната сметка на САВА осигурување, а.д. Скопје за 2024 година,
- Предлог-Одлука за одобрување на Годишниот ревидиран извештај за работењето на Друштвото за 2024 година и
- Предлог - Одлука за распределба на нето добивката за 2024 година.
- Разгледување на консолидираната Годишна сметка и консолидиран Годишен извештај за работењето на САВА осигурување, а.д. Скопје, за 2024 година, со:
- Предлог-Одлука за одобрување на консолидираната Годишна сметка на САВА осигурување, а.д. Скопје за 2024 година и
- Предлог- Одлука за одобрување на консолидираниот Годишен ревидиран извештај за работењето на Друштвото за 2024 година;
- Предлог-Одлука за разгледување и одобрување на финансиските извештаи на Друштвото за 2024 година, ревидирани од овластениот ревизор Друштвото за ревизиски, консалтинг и даночни услуги ДИЛОИТ ДОО Скопје;
- Предлог-Одлука за разгледување и одобрување на консолидираните финансиски извештаи на Друштвото за 2024 година, ревидирани од овластениот ревизор Друштвото за ревизиски, консалтинг и даночни услуги ДИЛОИТ ДОО Скопје;
- Разгледување на Извештајот за работата на Одборот на директори на САВА осигурување, а.д. Скопје, за извештаен период од 2024 година, со:
- Предлог-Одлука за усвојување на Извештајот за работата на Одборот на директори на САВА осигурување, а.д. Скопје, за извештаен период од 2024 година и
- Предлог - Одлука за одобрување на работата и за водењето на работењето на Друштвото од страна на членовите на Одборот на директори на Друштвото за 2024 година,
- Разгледување на Извештајот за работењето на Службата за внатрешна ревизија за 2024 година и Мислењето на Неизвршните членови на Одборот на директори, со:
- Предлог-Одлука за усвојување на Извештајот за работењето на Службата за внатрешна ревизија за 2024 година заедно со Мислењето на Неизвршните членови на Одборот на директори на Друштвото и Севкупно мислење на внатрешниот ревизор за 2024 година,
- На седницата на Собранието може да присуствуваат акционери, претставници на акционерите (кои треба да донесат Тековна состојба на правното лице од Единствениот трговски регистар на регистарот на други правни лица, издадена од Централен регистар на РСМ) или од нив ополномоштено лице со нотарски заверено полномошно.
- Присуството на седницата, акционерите се должни уредно да го пријават најдоцна пред почетокот на седницата на Собранието.
- Материјалите што се подготвени за седницата на Собранието на акционери се достапни за акционерите во седиштето на друштвото на ул.Железничка бр.41 Скопје, Р.С.Македонија, во Секторот за општи и правни работи кој се наоѓа на кат 4 секој работен ден од 10-13 часот.
- Гласањето по точките од дневниот ред ќе се врши на начин во согласност со Статутот на Друштвото и Законот за трговски друштва.
САВА осигурување а.д. Скопје