27.5.2025
ЈАВЕН ПОВИК за свикување на вонредно Собрание на акционери на САВА осигурување, а.д. Скопје
2.Се покануваат сите акционери на САВА осигурување а.д. Скопје да учествуваат во работата на Собранието на акционери 70-та седница на САВА осигурување, а.д. Скопје.
3.Вонредното Собрание на акционери 70-та седница на САВА осигурување, а.д. Скопје ќе работи со следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
I Процедурален дел
- Отворање на седницата на Собранието
- Избор на работни тела
- Утврдување кворум за работа
- Избор на Претседавач
- Избор на бројач на гласови
- Именување на Нотар за водење на Записникот на Собранието
II Работен дел
- Донесување на Одлука за назначување овластен ревизор за ревизија на Годишната сметка и финансиските извештаи на Друштвото во 2025 година и
- Донесување на Одлука за определување на надомест на неизвршен и независен член на Одборот на директори.
4. На седницата на Собранието може да присуствуваат акционери, претставници на акционерите (кои треба да донесат Тековна состојба на правното лице од Единствениот трговски регистар на регистарот на други правни лица, издадена од Централен регистар на РСМ) или од нив ополномоштено лице со нотарски заверено полномошно.
5.Присуството на седницата, акционерите се должни уредно да го пријават најдоцна пред почетокот на седницата на Собранието.
6.Материјалите што се подготвени за седницата на Собранието на акционери се достапни за акционерите во седиштето на друштвото на ул.Железничка бр.41 Скопје, Р.С.Македонија, во Секторот за општи и правни работи кој се наоѓа на кат 4, секој работен ден од 10-13 часот.
7.Гласањето по точките од дневниот ред ќе се врши на начин во согласност со Статутот на Друштвото и Законот за трговски друштва.
САВА осигурување а.д. Скопје