18.9.2025

Генерална директорка на Сава осигурување а.д. Скопје, Мелита Гугуловска, беше дел од панел дискусијата на тема „Градење на организациска култура прилагодлива на промени

На 17 септември, во хотел „Александар Палас“, се одржа првата конференција „Biznis Lider “ – под наслов „Обликување на иднината: Лидерство во ерата на трансформација“.

Нашата Генерална директорка, Мелита Гугуловска, беше дел од панел дискусијата на тема „Градење на организациска култура прилагодлива на промени".
Во Сава Осигурување, ја градиме иднината на одговорното лидерство преку сигурност, доверба и постојана подготвеност за трансформација и флексибилност и адаптација.

Настанот ги обедини највлијателните бизнис лидери, претприемачи и претставници од јавниот и институционалниот сектор, со заедничка цел – дефинирање на стратешки насоки за раст и развој на македонскиот бизнис екосистем.