26.9.2025

Сава осигурување а.д. Скопје - дел од регионалната кампања „Дишете чисто!“

Сава осигурување е дел од  регионалната кампања „Дишете чисто!“ која ја спроведува Мрежата на климатски мостови, каде АРНО членува.

Кампањата на мрежата има за цел да ја подигне свеста за загадувањето на воздухот во Западен Балкан. Проектот е поддржан од Европската климатска иницијатива (EUKI), инструмент на германското Министерство за животна средина, климатска акција и заштита на природата (BMZ), спроведен од GIZ North Macedonia GmbH.

Кампањата има фокус  подигање на јавната свест и граѓанска мобилизација околу влијанието на текстилниот отпад врз животната средина, особено врз загадувањето на воздухот.

Сава осигурување како компанија која е  насочена и препознатлива како општествено одговорна комапнија ги вклучи своите вработени  преку практични работилници во Центарот за поправка „Ништо ново“ во Скопје со модната дизајнерка Ирина Тошева, каде од стар текстил изработуваа ракавици за готвење и торбички. 

Sava rabotilnici

Преку поддршка на онлајн кампањата на социјални медиуми, e да се пренесат клучните пораки дека поправката и пренамената на текстил е еколошки чин кој придонесува кон почист воздух и намалено загадување.

Партнерството на здружение и компанија од приватен сектор ќе се посочи како пример за добра соработка во рамки на општествена одговорност, ESG, и филантропска пракса. 

Главната локација на активностите е Центарот за поправка „Ништо ново“ во Скопје, простор специјално опремен со алати за поправки и едукација.

Носител: АРНО и Ништо ново, партнер: Сава осигурување

Размисли пред да купиш, поправи пред да фрлиш, пренамени пред да се откажеш !