06.10.2025
Сава осигурување а.д. Скопје - Спонзор на детскиот Зелен турнир
Со голема гордост објавуваме дека бевме спонзори на детскиот тениски - Зелен турнир кој се одржа на 4 и 5 октомври организиран од страна на тенискиот клуб Евро Сет!
Ни претставува особена чест што имавме можност да го поддржиме овој спортски настан кој ги собира најмладите љубители на тенисот, поттикнувајќи ги на фер-плеј, дружење и развој на спортскиот дух уште од најрана возраст.
Им честитаме на сите учесници за нивната посветеност и ентузијазам, и голема благодарност до организаторите за одличната реализација на турнирот.
Продолжуваме со нашата поддршка за спортот и младите таленти !
Во друштво на добри луѓе - никогаш не сте сами !