11.12.2025

Сава Осигурување - дел од Сава Осигурителна Групација , секогаш поинакви и секогаш синоним за добра услуга

Секогаш поинакви и секогаш синоним за добра услуга и развој на комплементарни дејности, кои одат рака во рака со осигурувањето

Сава Осигурителната Групација гради стабилност, сигурност и партнерски однос со своите клиенти на македонскиот и регионалниот пазар преку друштва за осигурување, реосигурување, инвестициски фондови, пензиски фондови и здравстена дејност. Во време кога сигурноста, предвидливоста и современите услуги се исклучително важни, Сава го зацврстува статусот на една од најстабилните, најдиверзификуваните и најиновативните групации во регионот.

Кампањата „Рака во рака“, како најнова иницијатива на Групацијата, го одразува токму овој пристап – создавање интегриран екосистем на услуги кој им стои на располагање на клиентите во сите важни животни ситуации.

Повеќе од 30 години поинакви, поразлични, со фокус на квалитетна услуга и развој на сервисни услуги поврзани со осигурување.

Присуството на Сава Осигурителна Групација на македонскиот пазар започнува преку Сава осигурување а.д Скопје, која повеќе од 30 години е меѓу најдобрите компании во неживотното осигурување. Со широка понуда, од автомобилско и имотно осигурување, патничко осигурување, доброволно и здравствено осигурување - компанијата постави стандарди за професионалност, фер однос и транспарентност, при тоа водејќи сметка за своите клиенти постојано ги развива и асистенските услуги во склопот на осигурувањето.

Со тек на годините, Групацијата го прошири своето присуство и преку:

  • Сава Стејшн, современа станица за технички прегледи што обезбедува брза, сигурна и професионална услуга;
  • Сава пензиско друштво а.д Скопје, кое повеќе од две децении управува со фондовите од втор и трет столб со одговорност, стабилност и транспарентност;
  • Поликлиника Вита С, најновиот сегмент во здравствената екосфера на Сава, со современа дијагностика, врвен медицински кадар и напредни технологии.

Овој единствен модел на интеграција ја заокружува понудата - од осигурување и пензиски решенија, до техничка и здравствена поддршка – сè во рамките на еден силен, стабилен систем.

Регионална сила и визија - Сава Ре - присутни на повеќе од 100 пазари ширум светот неполни 50 години.

Матичната компанија Позаваровалница Сава д.д. (Сава Ре) денес работи на над 110 пазари, со над 350 партнери во Европа и светот, меѓу кои клучни се Кина, Индија, Јапонија и Јужна Кореја. 

Минатата година, Групацијата за првпат надмина повеќе од една милијарда евра приходи, што ја потврдува нејзината позиција како една од водечките и најстабилни финансиски институции во регионот. 

Истовремено, меѓународната рејтинг-агенција AM Best ја потврди оценката A (одлично) за финансиска сила на Сава Ре – уште една гаранција за стабилност и сигурност. 

Главни стратешки приоритети на Групацијата:

  • квалитет пред квантитет,
  • дигитализација и AI,
  • развој на комплементарни дејности,
  • силен фокус на услуги за клиентите,
  • географска и производна диверзификација,
  • градење на сопствени таленти и фокус кон вработените

Интегрирана дигитализација и одржлив развој

Групацијата активно инвестира во:

  • Дигитални платформи и автоматизација на процеси
  • AI-алатки за подобра процена на ризик и побрза исплата на штети
  • ESG стратегии и зелени инвестиции, со јасно исклучување на индустрии кои не се усогласени со одржливите стандарди.

Во време на климатски ризици и глобални економски непредвидливости, ваквиот пристап е клучен за долгорочна стабилност.

Партнерство што трае – порака од Сава Осигурување

„Горди сме што со децении градиме доверба со нашите клиенти и партнери. Нашата најголема сила секогаш била во начинот на кој стоиме зад секој еден што ни ја доверил својата сигурност. Секогаш се стремиме да бидеме  најдобри, но не и задоложително најголеми” - вели Мелита Гугуловска, генерален директор на Сава Осигурување , пренесувајќи ја пораката и на целата Сава Осигурителна Групација.

Кампањата „Рака во рака“ ја претставува токму таа вредност - чувство дека кога ќе си подадеме рака – никогаш не сме сами.