23.4.2026

Наше присуство на „Отворен и кариерен ден на УГД“ во Штип

На 22 април 2026 година, нашата компанија учествуваше на настанот „Отворен и кариерен ден на УГД“, кој се одржа во Штип . Настанот беше организиран од страна на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, преку Центарот за кариера и развој, во коорганизација со Општина Штип и Стопанската комора на РС Македонија.

Овој настан претставува значајна платформа за соработка помеѓу академската заедница и деловниот сектор, овозможувајќи им на студентите пристап до можности за професионален развој, практикантски ангажмани и насочување во кариерата.

На саемот беа присутни и нашите вработени од Штип, кои непосредно ги споделија своите искуства и кариерни патеки со младите посетители, нудејќи практични совети и инспирација за нивниот понатамошен развој.

Нашиот тим имаше можност да разговара со голем број заинтересирани кандидати, да ги претстави актуелните можности за вработување и да ја доближи организациската култура на компанијата.

Благодарни сме за одличната организација и можноста да бидеме дел од овој значаен настан, и со нетрпение очекуваме идни иницијативи кои ќе придонесат за поврзување на младите таленти со бизнис заедницата.