11.5.2026
Другарството е богатство: Заедно градиме инклузивно општество
Настанот „Другарството е богатство“ организиран од стана на Здружението Аутизам ААМК е силен потсетник дека вистинската вредност не се мери во материјални нешта, туку во поврзаноста, разбирањето и меѓусебната почит.
Овој инспиративен настан, кој се одржа во Скопје на 10 мај во Градскиот парк, обедини деца, родители, организации и поддржувачи со заедничка цел — да се подигне свеста за лицата со атипичен развој и да се поттикне нивното прифаќање и вклучување во општеството. Преку различни креативни и интерактивни активности, беше создадена средина во која секое дете се чувствуваше прифатено, вреднувано и вклучено.
Поддршка преку игра и креативност
Како дел од нашата посветеност кон општествената одговорност и поддршка на заедницата, со гордост бевме дел од оваа иницијатива заедно со Сава пензиско друштво. Нашиот придонес беше насочен кон организирање на активности за деца, како што беа боење и редење сложувалки.
Овие активности беа повеќе од забава — тие беа начин за поврзување. Преку едноставни, но инклузивни игри, децата имаа можност да комуницираат, да соработуваат и да се запознаат, без разлика на нивните разлики. Ваквите моменти се основата на вистинската инклузија.
Зошто е важна инклузијата?
Една од најсилните пораки од настанот е дека децата со атипичен развој имаат исти потреби како и сите други деца — да играат, да се смеат, да другаруваат и да бидат прифатени.
Сепак, многу од нив се соочуваат со предизвици и често се чувствуваат невидливи поради предрасуди и недоволна информираност. Токму затоа ваквите иницијативи имаат огромно значење. Тие помагаат да се рушат стереотипите и да се поттикне емпатија, почит и разбирање.
Општествена одговорност во пракса
Поддршката на вакви настани е важен дел од современото одговорно работење. Тоа значи активно учество во создавање позитивни промени.
Со вклучувањето во иницијативи што промовираат инклузија, придонесуваме кон градење на општество базирано на еднаквост, солидарност и долгорочна одржливост.