Доброволно приватно здравствено осигурување
Колку е важно што добивате со здравственото осигурување? Дали е тоа квалитетна медицинска услуга, комбинирана со соодветни услови за прегледи, хируршки зафати, операции и рехабилитација?
Со добар осигурителен партнер добивате помош и грижа во миговите кога таа е неопходна, кога поминувате низ ситуации што се по својата природа меѓу постресните.
Затоа создадовме најквалитетно покритие за доброволно приватно здравствено осигурување што ќе го користите во партнерската мрежа од болници и дијагностички центри. При тоа, како наш осигуреник ќе имате приоритетен третман.
За да биде процесот поедноставен, имаме сопствен асистентски центар што се грижи за координација на сите процеси, одејќи го целиот пат заедно со Вас. Ослободени сте и од грижата за трошоците, бидејќи тие се обврска на Сава осигурување уште од моментот на најава во асистентскиот центар.
Полисата Сава Доброволно приватно здравствено осигурување на крајно едноставен начин, Ви ја обезбедува толку потребната логистичка и финансиска поддршка во чувствителни моменти.
Направивме илустрација на овој продукт преку промотивниот видео спот придружен со два инфографици, за едноставно и јасно да ги прикажеме неговите карактеристики и начинот на кој функционира асистенцијата.
Обезбедете квалитетна медицинска грижа и услови - за себе и најмилите со Сава Доброволно приватно здравствено осигурување! Проверете ги понудите и комбинациите кои најмногу Ви одговараат. На располагање е нашиот контакт центар на телефон 0800 80 000, или директно на нашата веб страна, во полето за контакт (чет).
Доброволното приватно здравствено осигурување (ДПЗО) на Сава осигурување е наменето е за сите кои сакаат повисок стандард на здравствена заштита за себе и најблиските. Претставува дополнување на основната здравствена заштита гарантирана со Законот за задолжително здравствено осигурување и обезбедува покривање на трошоците за услуги што не покриени од ФЗО.
ДПЗО важи за голем број приватни болници и поголеми дијагностички центри од партнерската мрежа на целата територија на Република Северна Македонија. Достапно е за сите осигуреници во Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија - од раѓање до полни 74 години живот.
Премијата зависи од старосната група на која припаѓа осигуреникот.
Погледнете го промотивниот видео спот, илустрацијата на самиот продукт , како и начинот на кој функционира асистенцијата.
Што претставува Доброволното приватно здравствено осигурување?
Внимателно ги следевме нашиот и регионалниот пазар за да го создадеме најквалитетното покритие. Создадовме продукти кои се прилагодуваат на потребите и буџетот на клиентот, а се однесуваат на:
I. „Специјалистичко-амбулантно лекување“ – оваа полиса обезбедува покривање на трошоците за услуги потребни за поставување на дијагноза, односно за лекување на новонастаната болест, состојба или повреда. Покритието може да биде до 10 000 евра и се однесува на:
- Специјалистичко лекување – коешто се состои од услуги за поставување дијагноза, односно лекување новонастаната болест во 21 специјалистичко-консултативна област. Опфаќа специјалистички прегледи, потоа соодветни дијагностички анализи (РТГ, УЗ, ЕКГ, ЕМГ, ЕЕГ, ВЕП, ОЦТ, лабораториска анализа, спирометрија), како и соодветни амбулантни зафати (апликација на лек, пункција, нега на рани, отстранување на туѓо тело, биосија и слично).
- Болничко лекување
- Комплексни дијагностички постапки - коишто се продолжение на специјалистичкото лекување и неопходни за дијагностицирање на болеста (компјутерска томографија, магнетна резонанса, ПЕТ, УЗ водена биопсија на внатрешни органи и простата, гастроскопија, колоноскопија и слично).
- Хируршки зафат во дневна болница - кој што ги опфаќа зафатите во склоп на дневната болница, односно траат помалку од 24 часа (зафат на око, на солзни жлезди и канали, дијагностичка и терапевтска артроскопија на лакт, колена, скочен зглоб, коронарографија, ректоскопија, операција на хемороиди, УЗ разбивање на бубрежни камења, операција на кила, и тн.).
- Амбулантна рехабилитација опфаќа услуги од амбулантната физиотерапија и работна терапија.
- Лекови кои се издаваат за лекување на новонастанатата болест на т.н. розов рецепт.
II. „Операции“ – со оваа полиса се покриваат трошоците за операции што се произлезени од медицински основани индикации, односно оправдани и соодветно на здравствената состојба на осигуреникот - пропишани од надлежен лекар. Опфатени се повеќе од 200 операции од 12 различни области и покритие до 10 000 евра.
III. „Стоматолошка асистенција“ – при акутна забоболка или друга итна стоматолошка ситуација, се јавувате во асистентскиот центар од каде добивате организација на стоматолошката интервенција – договорен преглед и санација на проблемот. Го плаќате само употребениот материјал, а трошоците за работна рака во првиот час се обврска на Сава осигурување.
Контактирајте нѐ за сите дополнителни информации
Доброволно здравствено осигурување (ДЗО)
Во зависност од потребите на клиентот, посебно може да биде осигурен само престој во болница или лекувалиште, како и дијагностицирање болест што го загрозува животот.
За такви ситуации, го креиравме Сава ДЗО како дополнување на основната здравствена заштита гарантирана со Законот за задолжително здравствено осигурување на РСМ, а важи за државните и приватните здравствени установи на целата територија на Република Северна Македонија. Можат да бидат осигурени лица на возраст од полни 18 до полни 65 години живот, доколку им е утврдено својство на осигуреници и осигурени лица во системот на задолжително здравствено осигурување.
Премијата зависи од старосната група на која припаѓа осигуреникот.
Здравствено осигурување на надоместоци
Овој пакет е креиран со посебно внимание и овозможува избор да бидат покриени и осигурениците и нивните деца. Сумата што се исплаќа „од ден“ е загарантирана, без разлика на трошоците што ги имаат осигурениците. Пакетот овозможува основно покритие на надомест во случај на:
- престој на осигуреникот во болница поради потребна дијагностика или лекување поради несреќен случај (незгода) или болест (болнички ден);
- престој на осигуреникот во лекувалиште во специјализиран центар за рехабилитација (ден во лекувалиште).
Ако посебно се договори, се вклучува дополнително покритие за надомест во случај на боледување поради:
- несреќен случај (незгода) или болест (боледување);
- хоспитализација на дете на осигуреникот (хоспитализација на дете).
Здравствено осигурување на тешки болести
Како осигурена опасност со овој вид осигурување се смета поставувањето прва дијагноза за една од следниве тешки болести: рак, срцев удар, мозочен удар. Полисата подразбира исплата на загарантираната сума во случај на животозагрозувачки болести:
- избор од 1 000, 3 000, 5 000 или 10 000 евра, кои се исплаќаат во целост.
Контактирајте нѐ за сите дополнителни информации
Како се добива покритие од полисата за Доброволно приватно здравствено осигурување
Пријавување
- Осигуреникот е упатен на специјалистичко-амбулантно лекување или оперативен зафат.
- Осигуреникот контактира со асистентскиот центар преку телефон 0800 80 000, електронска пошта zdravje@sava.mk, на веб страната www.sava.mk или во личен контакт.
- Осигуреникот доставува медицинската документација (скен, фотокопија) која ја прегледува лекар – цензор и дава согласност за организација на асистенцијата за вршење на дијагностиката, лекувањето, операцијата.
- Асистентскиот центар на Сава осигурување, во консултација со осигуреникот организира прием и вршење на зафатите во соодветни медицински установи. Како одговорен за контакт и координација помеѓу осигуреникот и болницата, центарот го известува осигуреникот за сите детали во писмена форма.
Плаќање
Трошоците се грижа на Сава осигурување уште од моментот на најава во асистентскиот центар. Осигурувањето е без франшиза, односно без учество на осигуреникот во трошоците.