24/7 Домашна асистенција
Полиса за домашна асистенција
Ви овозможуваме помош во моментот кога ќе се случи незгода во домот за која е неопходна итна интервенција од мајстор. Со само еден телефонски повик кон нашата асистентска куќа „Сава стејшн“ добивате инструкции и помош за санирање на проблемот. Мајсторот ќе биде испратен во најкраток можен рок за да ја изврши неопходната поправка. Освен тоа, добивате и покривање на трошоците за првиот работен час, а услугата е достапна 24/7.
Полисата за Домашна асистенција – преку повикот кон асистентскиот центар - значи организација на помош при итен случај, односно обезбедува:
- Занаетчиски услуги / сервисери за:
- водовод и канализација;
- електрични инсталации;
- грејни тела;
- клима-уреди;
- покриви и стреи;
- врати и прозори;
- надворешни стакла;
- чистење;
- Услуги на превоз и привремено сместување ако не е можен престој во домо поради дефектот;
- Услуги на обезбедување на домот;
- Информации за можни изведувачи доколку, поради дефектот, клиентот има потреба од:
- привремено отселување;
- ветеринарни услуги;
- услуги од други стручни лица;
- проследување на информациите;
- Отворање на влезни врати што не можат да бидат отворени поради дефект на бравата.
За пријавување штета, јавете се на: 0800 80 000.