Осигурување од земјотрес -Дополнително осигурување

Осигурувањето од земјотрес не може да се случи самостојно туку само како дополнително осигурување, односно со купување на:

  1. Некој од пакетите (основен, стандарден или луксузен) кои ви ги нудиме за домаќинско осигурување;Сава озигурување од земјотрес
  2. како и со осигурување од опасност од пожар и некои други опасности.

Висината на премијата на полисата за осигурување од земјотрес зависи од трусноста на подрачјето каде што се наоѓа, како и од градежната категорија на објектот.

Осигуреникот учествува во секоја штета со одбитна франшиза која е наведена во полисата за осигурување. Франшизата се пресметува како процент од сумата на осигурување.

Со осигурувањето од земјотрес се покриени штетите од уништување или оштетување на осигурените предмети кои се настанати непосредно од земјотресот или се индиректна последица од земјотресот.