Индивидуално и групно патничко осигурување
За секое патување независно дали е индивидуално или групно, потребно е да имате патничко здравствено осигурување за да се заштите од нeпредвидени ситуации.
Индивидуалното и групното патничко осигурување можете да ги купите преку агент или онлајн преку нашиот веб-шоп. Групното осигурување се однесува на 5 или повеќе лица и на истото се пресметува попуст на премијата од 20%.
Висината на премијата зависи од пакетот: Голд, Платинум или Вип, како и од бројот на осигурени денови.
Осигурувањето можете да го склучите за минимум 3 дена и максимум 1 година.
Нашето патничко здравствено осигурување ви овозможува територијално покритие за целиот свет.
Осигурителното покритие е без франшиза доколку не се договори поинаку.
Осигурување можете да купите и за лица од 65 до 75 години старост, како и за лица од 75 до 80 години старост, но за истите условите се посебно дефинирани.
За секоја настаната штета задолжително треба да биде известен асистентскиот центар во рок од 24 часа од настанување на штетниот настан на телефонскиот број +389 2 5101525.
За подетални информации посетете го следниов линк или контактирајте нè на нашиот бесплатен телефонски број 0800 80000.