Семејно патничко осигурување

Полисата за патничко здравствено осигурување ви овозможува безгрижно патување и ве штити од непријатни и непредвидливи ситуации кои можат да се случат. Со купување на семејно патничко осигурување сте заштитени вие и вашата фамилија.

Доколку патувате со вашата фамилија, на полиста за семејно осигурување ви одобруваме 15% попуст.

Полисата за семејно патничко здравствено осигурување може да се купи онлајн преку нашиот веб-шоп или да ја договорите со наш агент.Сава семејно патничко осигурување

Нашето семејно патничко здравствено осигурување ви овозможува територијално покритие за целиот свет.

Висината на премијата зависи од пакетот: Голд, Платинум или Вип, како и од бројот на осигурени денови.

За секоја настаната штета задолжително треба да биде известен асистентскиот центар во рок од 24 часа од настанување на штетниот настан на телефонскиот број +389 2 5101525.

Повеќе информации можете да добиете на следниов линк или контактирајте нè на нашиот бесплатен телефонски број 0800 80000.