Патничко осигурување за скијање
Дали го испланиравте вашето зимување, која е вашата следна атрактивна дестинација за скијање?
За безгрижно и беспрекорно патување, со секое купено патничко осигурување имате покритие од болест или повреда при зимување.
Висината на премијата зависи од пакетот: Голд, Платинум или Вип, како и од бројот на осигурени денови.
Осигурителното покритие е без франшиза доколку не се договори поинаку.
Полисата за патничко здравствено осигурување за скијање може да се купи онлајн преку нашиот веб-шоп или да ја договорите со наш агент.
Доколку патувате во група или со семејството, имате дополнителни попусти (групно патување 20%, семејно 15% попуст).
Нашето патничко здравствено осигурување ви овозможува територијално покритие за целиот свет.
Не доплаќате дополнителна премија за скијање!
За секоја настаната штета задолжително треба да биде известен асистентскиот центар во рок од 24 часа од настанување на штетниот настан на телефонскиот број +389 2 5101525.
Повеќе информации можете да добиете на следниов линк или контактирајте нè на нашиот бесплатен телефонски број 0800 80000.