Патничко осигурување за студенти
Доколку сте студент и се одлучите да студирате во странство, да одите на пракса или пак да работите сезонска работа во странство, потребно е да купите патничко осигурување за студенти.
Висината на премијата зависи од пакетот: Голд, Платинум или Вип, како и од бројот на осигурени денови.
Полисата за патничко здравствено осигурување за студенти може да се купи онлајн преку нашиот веб-шоп или да ја договорите со наш агент.
При купување на полисата онлајн покрај основните податоци, потребно е да го обележите полето што се однесува на студенти во странство.
Нашето патничко здравствено осигурување на студенти ви овозможува територијално покритие за целиот свет.
За секоја настаната штета задолжително треба да биде известен асистентскиот центар во рок од 24 часа од настанување на штетниот настан на телефонскиот број +389 2 5101525.
Повеќе информации можете да добиете на следниов линк или контактирајте нè на нашиот бесплатен телефонски број 0800 80000.