Со полисата за осигурување од незгода се смалуваат финансиските трошоци што се последица од несреќните случаи, и тоа без временски и просторни ограничувања. Затоа е важно вработените да бидат осигурани од траен инвалидитет, од привремена неспособност за работа како последица на несреќен случај, за трошоци за лекување како последица на несреќен случај, како и за смрт што е последица на несреќен случај.

За потребите на деловните корисници, можеме да препорачаме:

Осигурување на лица при извршување и вон извршување на редовното занимање

- Колективно осигурување на работниците;

- Осигурување на раководители (менаџери).

 

Осигурување на лица во моторни возила или при вршење на посебни дејности

- Осигурување на возачи, патници и работници за последици од несреќен случај (незгода);

- Осигурување на членови на спортски организации за последици од несреќен случај;

- Осигурување на летачки персонал и патници при управување и возење со авион и други воздушни летала за последици од несреќен случај.

 

Посебни осигурувања од незгода

- Гости во хотели, мотели, кампови, бунгалови;

- Гости во бањски лекувалишта;

- Посетители на јавни капалишта;

- Посетители на културно-уметнички, спортски и други приредби.