Сава - Осигурување на возила

Интензивното користење на службените возила значи и поголема потреба од нивна заштита. Затоа подготвивме повеќе видови на покритија за целиот возен парк.

Автомобилска одговорност и Автомобилска одговорност +

Основното осигурување за автомобилска одговорност го штити сопственикот на возилото од финансиските трошоци што се последица од сообраќајната несреќа што ја предизвикал возачот. Тоа го надополнивме со осигурување на самиот возач, доколку се здобие со телесни повреди во сообраќајна незгода што ја преизвикал тој самиот.Сава осигурување на возила

Автомобилска асистенција

Ви ја препорачуваме Aвтомобилска асистенција, со која патувањата во земјата и странство се многу поспокојни. За решавање разни проблеми со возилото на пат, помошта е достапна 24 часа преку телефонски повик до асистентскиот центар.

Каско

Полисата за каско-осигурување нуди покритие за моторното возило доколку е оштетено или уништено поради осигурените ризици.

Зелен картон

Овој документ претставува територијално проширување на полисата за АО во сите европски земји кои се членки на Системот  за зелен картон.

Технички преглед во „Сава стејшн“

За технички преглед на возниот парк, но и набавка на сите видови полиси , за пријавување штети и за сервисни услуги, на располагање ја имате и станицата за технички преглед „Сава стејшн“.