Каско осигурвање

Каско осигурувањето ви овозможува да го осигурате своето моторно возило

Во зависност од опфатените ризици, дефинирани се 5 пакета:

  • Мини каско
  • Потполно каско
  • Супер потполно каско
  • Каско на паркинг
  • Каско на прв ризик

Мини каско-осигурување  

  • Економично - најмала премија за осигурување.
  • Пакет по мерка - сами изберете го вашето учество во штета (франшиза)

Пакет на покритие со вклучен ризик од сообраќајна незгода и останати основни ризици. За клиенти кои сакаат да го заштитат сопственото возило од најголемиот ризик. Сава каско осигурување

Потполно каско-осигурување  

  • Најпродаван пакет!
  • Обезбедени стакла - нивното осигурување е без франшиза.
  • Пакет по мерка - сами изберете го вашето учество во штета (франшиза).

За сопственици на нови возила, кои се одлучуваат за стандардно покритие. Пакет креиран по желба на повеќето клиенти, со вклучени ризици: сообраќајна несреќа, провална кражба, разбојништво и кражба на делови во/на возилото, кршење или оштетување на стандардно вградено стакло на осигуреното возило и останати стандардни ризици.

Суперпотполно каско-осигурување  

  • All Inclusive покритие на ризици!
  • Сами изберете го вашето учество во штета.
  • Обезбедени стакла - нивното осигурување е без франшиза.

Идеално за сопственици на нови и скапи возила. Најобемно покритие од сите пакети. Дополнително вклучува: оштетување од глодачи, диви или домашни животни, кршење или оштетување на вградени надворешни светлосни тела и огледала на осигуреното возило, како и потопување на возилото во текот на превоз со траект.

Каско на паркинг  

  • Спокојно го оставате возилото на паркинг!
  • Пакет по мерка - сами изберете го вашето учество во штета (франшиза)

Покритие за возила што се во мирување на паркинг. За заштита од вандализам и провална кражба, разбојништво и кражба на делови во/на возилото.

Каско на прв ризик

  • Заштита за постари возила!
  • Без франшиза!

Идеален продукт за заштита на патнички возила постари од 6 години. Сами одлучувате на колкава сума ќе го осигурате возилото, односно максималниот износ кој ќе биде исплатен во случај на штета - 500, 750, 1 000 или 1 500 евра. Осигурувањето е без франшиза.

Ризици / ризик пакети

Супер
каско

Потполно каско

Мини каско

Каско на паркинг

Каско на прв ризик

Сообраќајна несреќа

Да

Да

Да

Не

Да

Паѓање или удар на некој предмет вклучувајки и паѓање на снег и мразулци

Да

Да

Не

Да

Не

Паѓање на воздушни летала

Да

Да

Да

Да

Да

Штета од глодари, диви или домашни животни

Да

Не

Не

Не

Да

Кршење или оштетување на стандардно вградено стакло на осигуреното возило

Да

Да

Не

Не

Не

Кршење или оштетување на вградени надворешни светлечки тела и огледала на осигуреното возило

Да

Не

Не

Не

Не

Потопување на возилото во текот на превоз со траект

Да

Не

Не

Не

Не

Помош на повредени лица, односно спречување на поголема штета на предметите

Да

Да

Не

Не

Не

Пожар

Да

Да

Да

Не

Не

Директен удар на гром

Да

Да

Да

Не

Да

Ненадејно надворешно топлинско или хемиско дејство врз осигуреното возило

Да

Да

Не

Не

Не

Експлозија

Да

Да

Да

Не

Не

Луња

Да

Да

Да

Не

Да

Град

Да

Да

Да

Не

Да

Лизгање на терен и одронување на земјиште

Да

Не

Не

Не

Да

Снежна лавина

Да

Да

Не

Не

Да

Поплава, порој или висока вода

Да

Да

Не

Не

Да

Вандализам

Да

Да

Не

Да

Не

Манифестација и демонстрација

Да

Да

Да

Не

Да

Провална кражба, разбојништво и кражба на делови во/на возилото

Да

Да

Не

Да

Да

Уништување или оштетување со удар од возило

Не*

Не*

Не*

Да

Не*
 * покриено со ризикот сообраќајна несреќа