Автоодговорност во странство  - Зелен картон

Кога ја напуштате територијата на Република Македонија, неопходно е да имате зелен картон за возилото. Зелениот картон претставува територијално проширување на полисата за осигурување од автоодговорност во сите европски земји кои се членки на Системот за зелен картон. Доколку не поседувате зелен картон, треба да уплатите гранично осигурување во земјата во која патувате, а тоа е поскапо.Сава зелен картон

Зелениот картон е гарант дека има кој да ја покрие штетата што би можеле да ја причините во странство - со своето возило и по своја вина. Ве осигурува и доколку претрпите штета при своето патување во странство по вина на државјанин на матичната земја - неговата компанија ќе  ја сноси одговорноста. Во ваков случај може да сметате и на наша помош во процесот на обработка и наплата на штетата.

 

Согласно известување од Националното биро за осигурување за истапување од членство на државата Израел, почнувајќи од 01.01.2022 година, Друштвото нема да покрива осигурување на меѓународна  карта за осигурување на автомобили ( зелена карта ) на територијата на државата Израел.