12.3.2014

Групацијата „Сава Ре“ стана сопственик на уште една осигурителна компанија во регионот, а 2013 година ја прогласи за година на раст и трансформација

Како дел од групацијата „Сава Ре“, во чиј состав влегува македонската членка „САВА осигурување“ а.д. Скопје, ве информираме за следново:

Групацијата „Сава Ре“ стана сопственик на 100% од осигурителната компанија „Заваровалница Марибо“р (Zavarovalnica Maribor), со што доживеа значајна трансформација и стана втората по големина осигурителна групација во регионот. Ова претставува остварување на важна стратешка цел – зацврстување на позицијата на развиениот осигурителен пазар и воспоставување на добро избалансиран деловен модел во однос на локалните и светските трендови на осигурителниот пазар. Тоа се двата сегмента по кои групацијата ќе го очекува и најголемиот прилив, главно поради растот на премиите на осигурителниот пазар на Западен Балкан, чиј потенцијал е токму во неговата недоволна развиеност, а кој треба да обезбеди зајакнување на групацијата и поддршка на нејзината политика за дивиденда.

Во 2013 година, целата групација „Сава Ре“ запиша премија од 386,7 милиони евра, што претставува пораст од 43% во однос на претходната година. Неревидираната нето-добивка од 13,6 милиони евра, покажува пораст од 15,4% во однос на 2012 година.

Неревидираната нето-добивка на „Позаваровалница Сава“ за 2013 година, со своите 14,8 милиони евра, покажува пораст од 53,7% во однос на 2012 година. Така, во 2014 година ќе бидат исплатени дивиденди во висина од 30% од добивката за 2013 година.

Со вклучувањето на новата членка „Заваровалница Марибор“, групацијата планира пораст на премијата од 15% за 2014 година, и тоа главно на осигурителните пазари надвор од Словенија. Впрочем, главните цели на групацијата во наредните три години ќе бидат интеграцијата на осигурителниот пазар во Словенија и растот надвор од нејзините граници, поради што „Сава Ре“ ќе биде во потрага по нови развојни можности во регионот.