07.5.2015

„Сава осигурување“ и „Сава стејшн“ ја отворија својата прва станица за технички преглед во населба Илинден

Во присуство на многу клиенти, пријатели и соработници, во свечена атмосфера и со сечење на лента, вчера (среда, 06 мај) беше отворена првата станица за технички преглед „Сава стејшн“ во скопската населба Илинден.

Отворањето на станицата е уште една успешна приказна за словенечко-македонското партнерство и економска соработка. „Сава стејшн“ е нова членка на групацијата „Сава Ре“ со седиште во Словенија и проект на едно од водечките осигурителни друштва во Македонија – „Сава осигурување“ а.д. Скопје. Спред зборовите на Извршниот директор Петер Скварча, се очекува овој проект да ја зацврсти одличната позиционираност на „Сава осигурување“ на македонскиот осигурителен пазар, но и да даде свој придонес во економскиот развој на Општина Илинден.

Во 2014 година, групацијата „Сава Ре“ забележа зголемување на бруто-премијата за повеќе од 20 проценти во споредба со претходната година, а во третиот квартал беа исплатени и дивидендите во висина од 0,26 евра за акција.