06.8.2015

Позаваровалница Сава д.д. од Словенија со покачен рејтинг и бонитетна оцена А-

Како дел од групацијата „Сава Ре“, во чиј состав влегува македонската членка „САВА осигурување“ а.д. Скопје, ве информираме за следново:

По својот редовен преглед, на 29 јули 2015 година, бонитетната агенција „Стандард & Пурс“ го надгради долгорочниот кредитен рејтинг и кредитниот рејтинг на финансиска моќ на „Позаваровалница Сава“ д.д. од Словенија со оценката А-. Матичната куќа на групацијата „Сава Ре“, чија македонска членка е „Сава осигурување“, ја надгради долгогодишната стабилност со одлична оценка со стабилни прогнози.

Зголемената оценка следи после зацврстувањето на капиталот и позицијата на словенечкиот осигурителен пазар. Меѓу елементите кои го дефинираат високиот кредитен рејтинг, се подобрената адекватност на капиталот, профитабилноста и ликвидноста. Неговата стабилност е дополнително поврзана и со стабилната дивидендна политика и планираниот откуп на сопствени акции.

На словенечкиот пазар, „Позаваровалница Сава“ е најголема реосигурителна компанија, додека групацијата „Сава Ре“ ја има втората најмоќна позиција во Словенија и има важна улога на пазарот во Југоисточна Европа.

Финансиската стабилност и угледот на регионално и меѓународно ниво во осигурувањето и реосигурување се од клучно значење за развојот на групацијата. Ова покачување на бонитетната оценка позитивно ќе  влијае и на стратегијата за раст во сегментот на реосигурувањето во кој, во овие 40 години постоење, „Позаваровалница Сава“ воспоставила соработка со повеќе од 300 партнери во над 90 земји насекаде во светот. Во последните неколку години, особен напредок бележи на азиските пазари и на пазарите на Блискиот исток. Неодамна се стекна со лиценца за пружање реосигурителни услуги во Јужна Америка со проширување кон централноамериканскиот пазар.

Од година во година членките на групацијата „Сава Ре“ го зголемуваат профитот, така што во 2014 година групацијата оствари рекордна добивка од 30,5 милиони евра, што се смета за одличен резултат и основа за долготраен раст на профитот на целата групација. Во Македонија, групацијата „Сава Ре“ е застапена преку друштвото „Сава осигурување“, кое повеќе од 20 години е во врвот на пазарот на неживотно осигурување.

Повеќе на: www.sava-re.si