05.8.2021
Станете дел од професионалниот и успешен тим на Сава осигурување а.д Скопје!
Сава осигурување вработува Актуар во самостојна служба за актуарски работи
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
Работно место:
„Актуар“ во Самостојната служба за актуарски работи.
Опис на работно место:
- Соработување при подготовка осигурителните односи (услови, тарифи);
 - Соработување при анализирање на структурата на премијата, штетите и осигурителниот технички резултат за поединечни видови на осигурување;
 - Соработување при составување на актуарски извештаи, анализи и пресметки;
 - Соработување при анализирање на осигурителните ризици од подрачјето на осигурување;
 - Давање на стручни мислења;
 - Извршување на други работни задачи по налог на непосредниот претпоставен.
 
Потребни квалификации:
- Завршенo четиригодишно високо образование (ВСС), Економски, Природно-математички, односно факултет од инженерско-техничка област;
 - Дозвола за работа како овластен актуар од страна на Агенцијата за супервизија на осигурување;
 - Најмалку 1 година работно искуство во областа на струката;
 - Познавање на англиски јазик.
 
Услови за вработување:
- Број на извршители: 1 (еден);
 - Неопределено време;
 - Полно работно време кое изнесува 8 часа дневно или вкупно 40 часа неделно;
 - Почетна основна нето плата во висина од 60.000,00 денари.
 
Потребна документација:
Заинтересираните да достават кратка биографија до Секторот за општи и правни работи во Сава осигурување а.д. Скопје на ул. Загребска 28 А, по пошта или на е-маил адреса: dokumenti@sava.mk. Пријавата треба да има назнака „Оглас за Актуар во Самостојната служба за актуарски работи“.
Рокот за пријавување е заклучно до 20.08.2021 година. По неговото завршување ќе биде извршен избор во законскиот рок во зависност од бројот на пријавени кандидати, а во согласност со член 23 став 2 од Законот за работни односи