15.9.2023

30 години во друштво на добри луѓе – Сава осигурување прослави три децении постоење на македонскиот пазар

На 13 септември, во винаријата Камник, Сава осигурување прослави јубилејни 30 години постоење на македонскиот пазар во друштво на нивните партнери, соработници, пријатели и претставници на Сава Осигурителната Групација, како и амбасадорот на Република Словенија, Н.Е. Грегор Прескер.

Во изминатите години Сава осигурување а.д Скопје ја зацврсти својата висока позиција меѓу компаниите од оваа индустрија, истовремено истакнувајќи ја високата свесност за корпоративна општествена и етичка одговорност.

Компанијата е посветена на придонес кон природата и добросостојбата на клиентите, а за нивните најголеми успеси велат дека се резултат на реализацијата на човечкиот потенцијал, преку градење на цврст и посветен тим.

Во официјалниот дел од прославата на присутните им се обратија Мелита Гугуловска, Генерален извршен директор на Сава осигурување, Петар Скварча, член на Управата на Сава Осигурителна Групација и Марко Јазбец, Претседател на Управниот одбор на Сава РЕ групацијата.Сава 30 години Мелита Гугуловска

„Денес, Сава осигурување е претпознатлива како модерна компанија која секогаш е отворена за нови идеи и проекти, препознатлива по иновации во делот на осигурителниот бизнис, асистентски услуги и техничка станица како прва и единствена компанија на сигурителниот пазар.
Но, најголем потик сте токму вие, нашите клиенти, соработници и пријатели, секогаш покрај нас во овие изминати години, и кога редевме успеси и кога се справуваме со предизвиците, секогаш ја имавме Вашата огромна поддршка и доверба која нѐ мотивираше да одиме напред и да пораснеме во команија која е стабилна и современа“ – изјави Мелита Гугуловска, Генерален извршен директор на Сава осигурување.

„Убеден сум дека можеме да бидеме горди на тоа што СаваСава 30 години Петар Скварча осигурување, односно Сава осигурителна Групација го постигна во минатиот период на македонскиот пазар. Така што денес можеме со гордост да кажеме дека Сава осигурување е стабилно, модерно, напредно технолошко друштво кое ги задоволува потребите и очекувањата на нашите клиенти, нашите партнери. Важно е да не застанеме на тоа, туку да развиваме односи и понатаму. Имено, позади Сава осигурување стои јака и респектабилна финансиска иснтитуција која е присутна во повеќе од 110 земји низ светот и која има разбирање за спецификите на македонскиот пазар. Заеднo со нашите македонски колеги, вклучувајќи ги и сестринските фирми Сава пензиско друштво и Вита С, одлучни сме да направиме дополнителен чекор за да ги направиме нашите услуги уште подобри и поуспешни“ – изјави Петар Скварча, член на Управата на Сава Осигурителна Групација.

“Во име на управниот одбор на Сава РЕ, горд сум на тоаСава 30 години Марко Јзабец каде е Сава осигурување. Денес сме тука да се подружиме, да поразговараме, да го одбележиме овој јубилеј и да се фокусираме на иднината и нашите амбиции на македонскиот пазар” – изјави Марко Јазбец, Претседател на Управниот одбор на Сава РЕ групацијата.

Во добра атмосфера, со добра музика и во друштво на добри луѓе, Сава осигурување одбележа значителна пресвртница во своето долгогодишно рабоење и ги прослави големите успеси кои ги постигна во изминатите 30 години, како и светлата иднина која им претстои.

Средствата предвидени за корпоративни подароци на оваа забава Сава осигурување ги пренамени за донација во Пунктот за бездомни лица на Црвен крст на Град Скопје.

Галерија