ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРИВАТНОСТ
Сава осигурување а.д. Скопје како членка на Сава Осигурителната Групација, посветува големо внимание на заштитата на личните податоци во сите свои деловни процеси, имплементирајќи ги стандардите поставени со прописите за заштита на личните податоци во Република Северна Македонија, прописите, правилата и стандардите кои постојат во рамки на Групацијата.
ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ
Контролор: Сава осигурување а.д. Скопје
Седиште: Загребска бр.28А, 1000 Скопје
Даночен број: 4030994256042
Матичен број: 4778529
Телефон: (02) 5101 500; 0800 80 000
Веб страна: www.sava.mk
Е-адреса: contact@sava.mk
СОБИРАЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ОД СТРАНА НА КОНТРОЛОРОТ
Личните податоци кои ги собира Друштвото во улога на Контролор, а кои понатаму се предмет на обработка, ги обработува во согласност со прописите што го регулираат подрачјето за заштита на личните податоци.
Вашите лични податоци ги собираме од вас кога:
- сакате понуда за склучување на осигурување,
- склучувате договор за осигурување (полиса) со Сава осигурување а.д. Скопје,
- ја користите нашата веб-страница,
- барате информации од нас,
- давате пофалба или поплака,
- пријавувате осигурен случај или пријавувате штета,
- пријавувате осигурителна измама,
- кога сте корисник на услуги обезбедени од Сава осигурување а.д. Скопје,
- кога сте учесник во наградни игри организирани од Сава осигурување а.д. Скопје
- и во други случаи определени со ова Известување за приватност
Вашите лични податоци ги обработуваме кога е исполнет еден од следниве услови за законитост на обработката:
- Обработката е неопходна за исполнување на законските обврски на Сава осигурување а.д. Скопје или други цели наведени со закон
- Обработката е неопходна за извршување на договорот во кој субјектот е договорна страна или за преземање активности на барање на субјектот пред склучувањето на договорот
- Обработката е неопходна за исполнување на легитимниот интерес на Сава осигурување а.д. Скопје
- Субјектот се согласил на обработка на неговите или нејзините лични податоци за една или повеќе посебни цели.
ОВЛАСТЕНИ ЛИЦА ЗА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Во однос на обработката на личните податоци, Друштвото издава посебни овластувања за обработка на истите на лицата со кои имаат договорен деловен однос со Друштвото (осигурителни агенти). Овие овластени лица, пред започнувањето со својата работа, а воедно и преку организирање на континуирани обуки се запознаваат во однос на заштитата на обработката на личните податоци.
Обработувачи на лични податоци
Сава осигурување а.д. Скопје ангажира разни договорни страни кои се јавуваат во својство на обработувачи на лични податоци. Истите вршат дел од услугите во име и за сметка на Сава осигурување а.д. Скопје. Сава осигурување а.д. Скопје склучува договори за заштита и обработка на лични податоци со такви договорни обработувачи согласно договорни стандардни клаузули. Обработувачите ги обработуваат податоците само за реализација на договорно дефинираните услуги за Сава осигурување а.д. Скопје и за никаква друга цел, ниту пак смеат да ги користат за свои цели или за цели на трети лица.
ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
Работењето и постапувањето на Друштвото во однос на заштитата на личните податоци на нашите клиенти е целосно усогласено со прописите за заштита на личните податоци во РСМ. Тоа подразбира целосно воведен систем на технички и организациски мерки за тајност и заштита на обработката на личните податоци.
ЧУВАЊЕ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
Личните податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката. Истите се утврдени во Листа на документарен материјал со рокови за чување на лични податоци на Сава осигурување а.д. Скопје.
Директен маркетинг
Согласно закон, Друштвото може да врши директен маркетинг единствено на лица кои своерачно потпишале Изјава за согласност за вршење на директен маркетинг.
Останати информации
Доколку имате било какви прашања, забелешки или коментари во врска со ова Известување за приватност, може да ги упатите до офицерот за заштита на личните податоци на Сава осигурување а.д. Скопје на е-mail: ozlp@sava.mk
Права на субјектите на лични податоци
Правата кои ги имаат субјектите на лични податоци во однос на нивната приватност и законитост на обработката се:
- Право на повлекување на согласноста
- Право на информации и пристап до лични податоци,
- Право на исправка и бришење,
- Право на ограничување на обработката,
- Право на преносливост на податоците,
- Право на приговор и автоматизирано донесување на поединечни одлуки.
Субјектот на лични податоци на негово барање може да добие информација за тоа:
- дали се обработуваат лични податоци за субјектот подносител на барањето;
- кои лични податоци се обработуваат;
- за кои цели и кој е правниот основ;
- корисниците или категориите на корисници;
- изворите на личните податоци.
Подолу се достапни соодветните обрасци кои се однесуваат на правата на субјектите на лични податоци:
- Барање за повлекување на согласност;
- Барање за пристап до лични податоци;
- Барање за бришење на лични податоци;
- Барање за исправка на лични податоци;
- Барање за ограничување на обработка на личните податоци;
- Барање за пренос на личните податоци;
- Приговор.