Физикална терапија-новото лице на колективното осигурување од незгода
Секој успешен бизнис зависи од своите вработени кои не се само дел од работната сила, тие се движечката енергија која ја гради компанијата.
Но, што се случува кога ненадејна несреќа или повреда ќе ја прекине таа енергија?
Токму оваа грижа ја преточивме во нешто што е единствено на пазарот – физикална терапија како дел од колективното осигурување од незгода за Вашите вработени.
Физикална терапија – нашата уникатна предност
Сава осигурување како единствена компанија на пазарот, со воведување на физикалната терапија како дополнителен ризик во колективното осигурување од незгода, ја надминa класичната дефиниција на осигурување.
Освен финансискиот надомест по колективното осигурување од незгода кое нуди 24/7 заштита на вработените, без разлика дали незгодата настанала на работа, дома или на патување, физикална терапија дополнително обезбедува поддршка за Вашите вработени и прави вистинска разлика во моментот кога најмногу е потребно за побрзо закрепнување и враќање на нормалниот живот на работникот.
Вашиот вработен, во случај на повреда со физикална терапија добива пристап до:
- организирана терапија преку нашиот асистентски центар, или
- рефундирање на средствата за користена терапија.
Инвестирањето во вакво осигурување испраќа моќна порака:
За кого е ова решение?
- Компании што сакаат да понудат повеќе од стандардните бенефиции.
- Организации со тимови кои често патуваат, работат на терен или се изложени на ризици.
- Работодавачи што ја гледаат грижата за луѓето како најсилната инвестиција во иднината.
Подгответе се за следниот чекор
Со прилагодено колективно осигурување од незгода и физикална терапија, не само што ја заштитувате Вашата организација – туку создавате култура во која секој вработен се чувствува вреден и безбеден.
Контактирајте нѐ уште денес преку нашиот контакт-центар, Вашиот агент или побарајте понуда онлајн.
Ние сме тука да Ви помогнеме да изградите силна организација – затоа што во друштво на добри луѓе, никогаш не сте сами.
Никогаш сами - Сава осигурување !